Ова симпатично кученце ги освои срцата на луѓето ширум светот со неговата уникатна шара во срцеста форма која се наоѓа токму на неговото мало носе.rnrn
rnrnЕдногодишното кутре веќе има над 120.000 фанови на Инстаграм и неговата сопственичка Лекси Смит тврди дека фотографиите не можат целосно да ја прикажат неговата убавина.rnrn
rnrnТаа вели дека нејзиниот најдобар пријател е 24 килограми несмасна, гладна, разгалена, љубопитна, луда, дива и среќна љубов.rnrn
rnrnСемејството Смит живее во Колорадо, а малиот Вајли бил донесен во нивниот дом на празникот Св. Патрик во 2018 година. Лекси изјавила дека имала тешкотии при изборот, бидејќи тој бил 11-тиот член од неговото легло, од кое 8 биле машки.rnrn
rnrnИако формата на срцето била таму и кога бил малечок, сепак не била комплетно оформена. Но, тоа што ја натерало да го избере него, било што фармерот ѝ рекол дека сè што правело кутрето било спиење, гушкање и јадење, па таа помислила дека тие се слични со оглед на тоа што имале многу заеднички омилени работи.rnrnПогледнете дел од најслатките фотографии на Вајли…rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗапознајте го и Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела.
Запознајте го Вајли, најслаткото куче далматинец со срце на носот
