КАФЕ ПАУЗА

10 совети од жената која знаела да зборува на 16 јазици: Со помош на нејзината формула ќе го совладате секој јазик!

10 совети од жената која знаела да зборува на 16 јазици: Со помош на нејзината формула ќе го совладате секој јазик!

Като Ломб била жена која работела како професионален преведувач. По потекло е од Унгарија и за сите оние кои сакаат да научат некој нов јазик, таа напишала 10 заповеди.rnrnНајголемиот дел од јазиците ги совладала сама, работејќи со учебници и белетристика на јазикот кој го проучувала во моментот. Својата методологија за учење ја претставила во книгата „Како ги учам јазиците“.rnrn10 совети од жената која знаела да зборува на 16 јазици: Со помош на нејзината формула ќе го совладате секој јазик!rnrnВо основата на нејзиниот пристап се наоѓа принципот за „комплетно навлегување во јазикот“: совладување на граматиката паралелно со читање оригинални текстови и помнење на фразите кои најчесто се користат во говорот.rnrnОва се нејзините правила:rnrn1. Секојдневно вежбајте го јазикот. Во случај да немате време, тогаш вежбајте само 10 минути дневно. Најдобро е тоа да го правите наутро.rnrn2. Доколку немате желба за учење, немојте да се присилувате на тоа. Едноставно, оставете ја книгата, а јазикот учете го преку слушање радио, музика, разговор и слично.rnrn3. Запишете ги или запомнете ги сите „готови фрази“ кои најчесто можат да се користат во разговор.rnrn4. Обидете се ментално да се поврзете со јазикот, колку што е можно повеќе. Гледајте ги билбордите и натписите на улиците, слушајте делови од случајни разговори… сето тоа е забавно и опуштено, па дури и кога сте навистина уморни!rnrn5. Учете или читајте само проверени текстови, а не текстови со грешки. Тие грешки најчесто влегуваат во глава, а подоцна е многу тешко да се искоренат.rnrn6. Запишете веќе подготвени фрази и научете ги во прво лице еднина. На пример: „Само се шегувам“.rnrn7. Странскиот јазик е замок кој треба да се „разурне“ од сите страни истовремено. Затоа, читајте списанија, слушајте радио, гледајте филмови без превод, присуствувајте на предавања на тој јазик, читајте учебници, допишувајте се, разговарајте и слично.rnrn8. Не се плашете од разговор и од потенцијални грешки, туку настојувајте да ве исправаат доколку грешите. И секако, немојте да се навредите ако навистина почнат со корекции.rnrn9. Бидете сигурни дека 100% ќе го совладате јазикот.rnrn10. Като Ломб имала едноставна формула со чија помош ги совладала сите јазици кои ги учела:rn

Време + Мотивација = Резултат

rnСо други зборови:rn

Вложено време + Мотивација / Ограничување (страв од грешки) = Резултат

rnЗа тоа колку го сакала јазикот, сведочи и следниот афоризам од нејзиниот живот. Имено, кога Като Ломб (86) го сретнала својот пријател Стив (54), таа му рекла: „Стив, ти си толку млад! Колку години имаш пред себе… колку само јазици сѐ уште можеш да научиш!“rn

Автор: Зоран Крстески

rnПрочитајте уште неколку совети за успешно учење странски јазик.