За некои луѓе раскинувањето е едно од најболните искуства. Додека раскинувањето може да биде вистинска шлаканица, секој човек различно ја преболува разделбата. Некои веднаш се помируваат со тоа и продолжуваат со својот живот, но некои како да не можат да преболат. Па, кои се вистинските причини за тоа?rnrn
rn
1. Љубовта е зависност
rnИстражувањата покажале дека кога се вљубуваме се активираат центрите за зависност во нашиот мозок. Ова се истите центри кои се активираат кога некој е зависен од хероин или кокаин. Имајте го ова на ум пред да се шегувате со некого што не може да го преболи раскинувањето. Можно е буквално да чувствувате симптоми на апстиненција кои ќе влијаат на вашата способност да ја преболите разделбата.rn
2. Љубовта ја менува вашата реалност
rnСилните емоции можат да делуваат како филтер за перцепција на целото ваше постоење. Сигурно сте ја слушнале изреката „Гледање на светот низ розови очила“. Љубовта ви го прави токму тоа. Целосно го менува начинот на кој ја гледате реалноста, па кога ќе ја снема вашиот поглед кон светот повторно се менува. Ова враќање во реалноста може да биде навистина болно.rn
3. Љубовта би требало да трае засекогаш
rnАко навистина сте верувале дека љубовта со партнерот ќе биде вечна, а потоа тој ве напушта, може да биде навистина тешко да сфатите како нешто што би требало да трае вечно завршило. Многу често мозокот го зема концептот „засекогаш“ и го додава на болката од раскинувањето. Односно, љубовта требало да трае засекогаш, но не се случило тоа, па сега вашата болка ќе трае засекогаш. Ова е лош трик кој самите си го правиме.rn
4. Љубовта има длабоки еволуциски корени
rnВо нашата ДНК има меморија од нашите предци, меморија која го оформува нашиот став кон нештата како одбивање. Уште во раната фаза на човештвото, ако некој бил одбиен од племето тоа значело дека ќе умре. Најверојатно ова е причината што напуштањето од страна на саканата личност може да предизвика чувство на очај и паника.rn
5. Љубовта буквално боли
rnСкенирањата покажале дека луѓето кои само што доживеале разделба со сакана личност покажале зголемена активност во центрите за болка на мозокот. Ова значи дека љубовта не само што ве повредува емоционално, туку може да предизвика и физичка болка. А кога ја чувствувате таа болка би направиле речиси сè за да престане. Можеби ова е причината што многумина ја голтаат својата гордост и се обидуваат повторно да го освојат срцето на личноста што ги напуштила.rnrnАко чувствувате кој било од овие симптоми, важно е да запомните дека времето навистина лечи сè. И покрај сè, постојат докази кои покажуваат дека делот од мозокот кој се активира по болно раскинување со текот на времето ја намалува својата активност. Ова значи, како што поминува повеќе време од разделбата, силните чувства и импулси ќе се намалат и евентуално ќе се чувствувате подобро. Исто така добро е да имате на ум дека често најдобриот начин да ја заборавите лошата врска е да започнете нова и да го повторите целиот убав циклус.rnrnЗнаете ли што кажува вашето последно раскинување за вашата следна врска?
