КАФЕ ПАУЗА

Уметност на врвот од моливот

Уметност на врвот од моливот

Повеќето уметници кои се занимаваат со цртање, го користат моливот за со нив да ја создадат својата уметност. Далтон Гети има малку поинаков пристап. Тој создава минијатурни маестрални дела директно на врвот од моливот.rnrn

Уметност на врвот од моливот
Скулптура на Еливс Присли со превез на очите, изработена од еден молив
rnrnДалтон работи како столар, а своите мали дела од графит ги изработува веќе 25 години. Тој  имал склоност да се занимава со ваков тип уметност уште како мал. Кога одел на училиште, имал обичај да им ги гравира имињата на неговите другари во дрвото на моливите и да им ги подарува. Потоа почнал да резба скулптури на поголеми парчиња дрво, за на крајот да му стане предизвик да ги прави своите дела што е можно помали. Експериментирал со разни материјали, се обидел со креда, но еден ден се сетил да работи директно на графитот во моливот.rnrn
Уметност на врвот од моливот
Мала пила изрезбана од графитот и од дрвото на моливот
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Користејќи ја гумата како подлога, Далтон создал мал крст од графитот во внатрешноста на моливот.
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Далтон го издлабил центарот на дрвото, а потоа ја изрезбал централната површина од графит за да го создаде ова поврзано висечко срце.
rnrnДалтон користи 3 основни алати во неговата работа: жилет, игла за шиење и скулпторско ноже. Тој дури одбива да користи лупа, а со помош на иглата прави дупчиња и исцртува линии вртејќи го парчето графит полека во раката. Интересно е што тој нема продадено ниедно парче од својата колекција, туку сите ги дава како подароци, иако преку неговиот сајт може да се нарачаат разгледници и големи постери од нив.rnrnУметност на врвот од моливотrnrnДалтон вообичаено поминува неколку месеци работејќи на една фигура. Но, една творба му одзела дури две и пол години. Ова е воедно и најдолгото време што тој го посветил работејќи на едно парче, а причината е поврзувањето во синџир-ефект. За ова свое дело тој изјавува:rnrn

„Меѓусебно поврзаните синџири побараа вложување на најголем напор, но многу сум задоволен со ова дело бидејќи е толку сложено што луѓето мислат дека мора да се два молива.“

rnrnУметност на врвот од моливотУметност на врвот од моливотrnrnЗа олку пипава работа, неизбежно е да се запрашаме како Далтон го контролира трпението, но и како се носи со предвреме завршените проекти, прекинати од напукнување и кршење. Во врска со ова, тој вели:rnrn

„Полудував кога заради мала несмасност, врвот од моливот ќе се скршеше. Некогаш многу се вознемирував, особено кога делото е при крај и баш тогаш ќе направев грешка. Потоа решив да го сменам начинот на кој гледам на мојата работа – кога започнувам со нова работа, мојот став е: ова и онака ќе се скрши некогаш, па да видиме до каде можеме да стигнеме. Овој став ми помогна да кршам помалку моливи, и иако ова сè уште се случува, не е толку често.“

rn

Уметност на врвот од моливот
Стол на врвот на моливот
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Мало поштенско сандаче
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Малечко копче
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Чизма со многу детали
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Мал чекан
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Шраф со многу детали
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Пехар в рака
rnrnДалтон има и кутија со 100 скулптури кои ги има скршено во процесот на работа. Оваа колекција тој ја нарекува гробница.rnrn

„Имам повеќе скршени дела, па решив да ги поставам на стиропор. Луѓето може да мислат дека е чудно што ги чувам, но тие се сè уште интересни. Сум работел на нив со месеци, па иако можеби се мртви, во еден момент им имам дадено живот.“

rn

Уметност на врвот од моливот
Колекцијата „гробница“
rnrn
Уметност на врвот од моливот
Азбука