2 децении подоцна: Погледнете како изгледаат денес латино заводниците од популарните ТВ серии
На почетокот на 2000-тите години, теленовелите беа многу популарни на овие простори, а жените лудуваа по убавите латино заводници. Како што растела популарноста на сериите така се зголемувала и популарноста на главните актери. Голема е веројатноста да ги помните овие латино заводници. Па, погледнете како изгледаат денес после 20 години. Можеме само да потврдиме дека годините убаво им стојат.
Фернандо Колунга
Еден од најпознатите латино заводници од малите екрани, дефинитивно е Фернандо Колунга кој публиката најмногу го памти по улогата во серијата „Есмералда“. Денес Фернандо има 53 години и понатаму активно се занимава со глума. Изгледа дека за него времето застанало. На неговиот изглед жените и денес паѓаат.
Цезар Евора
Тој е најпознат по улогата во серијата „Маријана“. Со изгледот освојуваше, но и со неговиот длабок сексапилен глас кој и денес е привлечен. Тој има 59 години. Оженет е и има 3 деца. После оваа серија играл уште во неколку, но се појавувал и во многубројни филмови.
Едуардо Сантамарина
Едуардо е незаборавниот мексикански глумец кој го помниме по улогата во сапуницата „Руби“. Оваа серија беше многу популарна и тој често привлекуваше внимание од припадниците на женскиот пол. Денес има 51 година, 3 деца и 2 брака зад себе. Работи на создавање кариера надвор од Шпанија, а се испробал и во еден холивудски филм.
Хуан Солер
Тој е најпопуларен по улогата во серијата „Кога се заљубив“ која постигна голем успех. Овој заводник на сите дами им се допаѓаше. Денес има 53 години. Оженет е со аргентинска акерка со која има 2 ќерки. Ќе се согласите дека годините убаво му стојат.
Дознајте кои се знаците што покажуваат дека гледате сапуница.