Достојна замена за сладоледот, рецепт познат во разни делови од светот
rn
rnrnАнгличаните го викаат floating island (пловечки остров), Французите les œufs à la neige (снежни јајца), Германците Schnee-Eier (исто така снежни јајца), а Полјаците zupa nic (птичјо млеко). Ова е вкусен десерт идеален за топлите летни денови кога рерната ни е најголем непријател.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 3 жолчки
- 4 лажици шеќер
- ½ литар млеко
- 1 ванилин шеќер
- 5 белки
- Неколку бисквити
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn011
- Жолчките и 2 лажици шеќер измиксајте ги додека не добиете густа смеса. Млекото ставете го во тенџере со 2 лажици шеќер во кое претходно сте го додале ванилинот шеќер. Оставете млекото да зоврие.
- Направете шлаг од белките. Бисквитите искршете ги во голем стаклен сад.
- Со лажица одвојувајте го шлагот од белки и накратко ставајте ги деловите во врелото млеко. Топките шлаг после минута свртете ги на другата страна додека не се зголемат и потоа одма поставете ги на бисквитите.
- Смесата со жолчките и шеќерот додадете ја во преостанатото млеко непрекинато мешајќи додека не се згусне. Прелијте со неа преку топките шлаг и ставете ги во ладилникот на 3 часа.
- На крајот по желба можете да додадете рендано чоколадо, а за поинтензивен вкус и неколку капки рум.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.