Неинспиративни цитати од најпесимистичкиот Инстаграм профил на светот
Дали имате тежок ден? Не грижете се, ние имаме нешто што ќе ви помогне да се расположите. Или можеби не?! Овој Инстаграм профил е полн со неинспиративни цитати. Овие цитати нема да направат да се почувствувате како посебна снегулка, туку ќе ве потсетат дека ако при првиот обид во некоја работа не успеете, најверојатно треба да се откажете и дека останувањето во кревет е секогаш најдобрата одлука. Во продолжение погледнете дел од саркастичните цитати, кои се надеваме дека слатко ќе ве насмеат…
„На крајот од долг ден обожувам да си легнам во кревет и да ги изгаснам светлата за да можам да потрошам 8 часа во размислување за секоја грешка што сум ја направил.“
„Правете листа на задачи секојдневно. Секогаш пишувајте и ‘не ги постигнувај запишаните цели’ на оваа листа. На тој начин, на крајот од секој ден ќе бидете во можност да кажете дека барем една задача сте завршиле.“
„Никогаш не е предоцна да се вратите во кревет.“
Читањето инспиративни цитати за да се чувствувате подобро, е исто како гледањето на лента за трчање за да ослабете.“
„Потребни се 37 мускули за да се намрштите, но потребни се 0 мускули за да се замолчите.“
„Доколку поставите инспиративен цитат под вашето селфи, никој не може да го види вашиот нарцизам.“ – Ганди
„Јадете како да нема никој да ве види голи.“
„Кучињата немаат идеја што се случува и јас сум им многу љубоморен.“
„Посакувам да не беше овде.“
„Вежбав 1 час и сè што загубив се 60 минути.“
„Сè што посакувам е способност да направам сè и слобода да не правам ништо.“
„Секој ден е нова можност да зезнете сè од почеток.“
„Сè што посакувам е да останам во кревет до крајот на светот. Дали премногу барам?“
„Кога кучето лежи по цел ден на подот е ‘преслатко’, но кога јас тоа го правам е ‘депресивно’.“
„Инстаграм е прекрасно место да ги гледате лажните животи на оние кои ги мразите.“
„Би те сакал доколку беше пица.“
„Колку повеќе објавуваат инспиративни цитати, толку повеќе се грижам за нив.“
Прочитајте ги и овие 17 саркастични правила за употреба на социјалните мрежи.