Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Сподели

Сте подготвиле нешто ароматично и сте сакале да ви биде спремно јадењето за наредниот ден, па сте го ставиле во пластичен сад. Храната сте ја изеле, садот е измиен, но упорната миризба останала. Во продолжение дознајте како ефикасно да се ослободите од мирисот од пластичните садови.

Реклама

rn

Сода бикарбона

rnНаправете смеса од сода бикарбона и вода. Истругајте ја внатрешноста со смесата и оставете да отстои еден ден. Потоа исплакнете го садот, но доколку сè уште мириса, повторете ја постапката.

rn

Сок од лимон

rnСокот од лимон е природно средство за чистење. Само измијте го садот со овој сок или пак стругајте го садот со кора лимон за да се ослободите од непријатната миризба.

rn

Кафе

rnИстурете кафе во садот, затворете го и оставете така сè додека не исчезне миризбата.

rn

Весник

rnВесниците можат да ја впијат непријатната миризба. Свиткајте неколку страници, ставете ги во садот и затворете го. Оставете го така ден-два и миризбата ќе исчезне.

rn

Активен јаглен

rnСтавете неколку таблети активен јаглен во садот и нека стои затворен сè додека не ја снема миризбата.

rn

Сол

rnСипете сол додека не се прикрие дното на садот. Потоа исперете го садот и ќе биде спремен за употреба.

Погледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.

Популарно

Може ќе ве интересира