Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)

Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)

Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)

1. Дали е ова најкривата улица во светот?

Улицата Ломбард во Сан Франциско, Калифорнија, лоцирана во соседството Руски рид помеѓу улиците Хајд и Левенворт има осум остри кривини, поради кои таа ја заслужила придавката најкривата улица во светот. Ваквата необична изградба на патот била неопходна од безбедносни причини, поради големата стрмност на ридот, по кој повеќето возила не можеле да се искачат.
.

2. Астрологијата и влијанието на вашиот подзнак

Ако вашиот сончев знак ја симболизира вашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, месечевиот знак – вашето срце и сржта на емоциите, тогаш може да се каже дека вашиот подзнак го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите може да ве гледаат како нервозно, енергично човече, со интелигентна смисла за хумор. Понекогаш, вашиот подзнак може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“ кој не сакате другите да го видат. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат?
.

3. Помладиот брат против постарата сестра

Додека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.
.

4. 8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минута

За уредување на домот, не се секогаш потребни многу пари. Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети кои можат да имаат специфична функција и интересен дизајн.

Во видеото во продолжение, Пјер Лота презентира 8 проекти кои можат да се направат за помалку од една минута, а за нивната изработка се користат рециклирани предмети. Идеите се одлични: вазна од шише и обична бела хартија, кафе-масичка од дрвена плоча и стаклени шишиња, картонска ламба…
.

5. Модна колекција инспирирана од „Hello Kitty“

Модната куќа „Forever 21“ и компанијата „Sanrio“ заедно ја создадоа оваа ексклузивна линија, инспирирана од неодоливата анимирана мачка. Оваа колекција, која е направена во ограничена количина, вклучува секаков вид женска облека. Од блузи, кратки пантолончиња, долна облека, чорапи до чанти, чевли, накит и слично.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар