Ако сте интровертна личност која сака редовно да вежба, тука ќе пронајдете мини листа на тренинзи идеални за вас…rnrn
rnrnСигурни сме дека не сте се чувствувале убаво на групните тренинзи на кои имате присуствувано, а особено кога сте морале да се поделите во помали групи за да направите некоја од вежбите. Затоа постојат вежби кои можете да ги правите сами, без никаква помош, и само со вашите мисли и волја. Подолу ќе најдете четири идеални опции препорачани од професионални тренери, наменети за сите интровертни типови.rnrnПа, кој е вашиот идеален тренинг?rn
Трчање
rnЗнаеме дека ова е очекувано, но самостојното трчање по својата планирана рута е идеален тренинг за сите интровертни луѓе. Кога сте сами, лесно можете да ги туркате вашите сопствени граници и да развивате тактики коишто ќе ја зајакнуваат вашата ментална состојба. Ако не сакате да трчате – пливањето, возењето велосипед или ролерки, се исто така одлични кардио опции.rnrn
rn
Вежбање во домашни услови
rnФитнес вежбите кои можете да ги изведувате во рамките на вашите четири ѕида може да бидат и најдобрата опција за вас. Сигурно се прашувате како да направите комплетен домашен тренинг, кој нема да биде полн со одмори и изговори за прекинување од типот „чекај да проверам што има на Инстаграм“ и слично? Разните апликации за вежбање може да ви помогнат, како и видеата на Јутјуб, каде што можете да најдете одличен тренинг кој ќе ве измори до крај.rnrn
rn
Јога
rnТивкото опкружување ќе ви овозможи да ги истражите вашите рефлексивни и интроспективни мисли. Згора на ова, јогата е тренинг кој се фокусира на поврзување на умот со телото, што уште повеќе ќе ви се допадне. Иако ќе бидете опкружени со луѓе на тренингот, поради тишината и мирот нема да се чувствувате анксиозно. Ако повеќе сакате да бидете дома, инвестирајте во тенки простирки и самостојно научете ја јогата!rnrn
rn
Интервален тренинг со висок интензитет
rnИако овие тренинзи се преполни со луѓе, овие вежби се одлични за подигање на нивото на енергија и намалување на стресот. Исто така, повеќето луѓе ќе бидат окупирани со дишењето и со изведувањето на вежбите, па нема да има многу простор за муабетење.rnrn
rn
Автор: Антонина Велјановска