Стилистите препорачуваат на фризурата да се гледа како на важен составен дел од сопствениот изглед, кој може многу да придонесе за севкупниот впечаток кој го оставаме. Тие издвојуваат неколку варијанти кои ќе направат да изгледате модерно во наредниот период.rnrn
Подолга коса на врвот
rnБерберот нека ве истриже само со ножици од страните, а на врвот нека ви остави малку подолга коса. Нека ви остави и малку подолги шишки за уште поинтересен изглед, кој ќе ви овозможи често да го менувате стилот на вашата коса без повторно да барате помош од него.
rn
Едноставна уредна фризура
rnВаквиот стил никогаш не излегува од мода. Иако изгледа доста едноставно, мора да внимавате секогаш да ја носите вистинската должина.
rn
Неповрзана должина меѓу врвот и страните
rnРечете му на берберот да ви остави повеќе коса на горниот дел, така што должината ќе изгледа несразмерна со страните. Колку поголема разлика ќе има меѓу нив, толку посилен впечаток ќе оставите.
rn
Долга коса
rnНе оставајте ја да биде подолга од рамената и постојано одржувајте ја. Многумина се лажат дека можат да носат долга коса со малку одржување и да изгледаат уредно, но вистината е дека убавата долга коса бара многу труд.
rn
Средно долга коса
rnНосете должина која ќе оди малку под ушите, но побарајте од берберот да ги среди краевите така што ќе изгледа уредно. Така ќе имате опуштен изглед, а со едноставно повлекување на косата наназад ќе оставите многу поелегантен впечаток.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
