Кога поминувате низ тежок период во вашиот живот, неретко ќе ја слушате изјавата: „Да, ќе страдате. Тоа е животот.“ Но тоа што никој не ви кажува е дека исто така ќе ја доживеете и најголемата радост. Ќе доживеете раѓања и умирања на најголемите љубови. Ќе растете и ќе учите прекрасни лекции за вашата човечност како што ќе се движите напред. Ќе ги доживеете сезоните во целата нивна слава.rnrn
rnrnКога одите покрај океанот што се удира во вашите нозе, на топол летен ден, додека песокот ве скокотка одоздола, ќе почувствувате спокој каков што не сте знаеле ни дека може да постои. Сонцето може да ве стопли и за време на најсуровите зими, под многуте слоеви дебела облека. А дождот што се удира на вашиот прозорец ќе ви пее приспивна песна сѐ додека не потонете во длабок сон.rnrnЕдно утро ќе се разбудите во прегратката на саканите што ви значат повеќе од сѐ на овој свет. И ќе ги искусите најголемите постигнувања што еден човек може да ги оствари. Можеби ќе држите и син или ќерка, или бебе на вашите сестра или брат и ќе сфатите колку е бесценет животот. Ќе ја чувствувате љубовта на родителите за прв пат и конечно ќе сфатите колку тие ве сакаат.rnrnЌе има и моменти кога ќе бидете вистински скршени. Но ќе има и моменти кога душата ќе ви сјае со радост и среќа, толку многу што дури и универзумот ќе ви се смее. Да, вие ќе страдате – има вистина во оваа изјава. Но исто така и ќе можете да бидете посреќни одошто некогаш сте мислеле. И токму тоа ќе го направи целото страдање, барем на момент, вредно.rnrnКога поминувате низ тежок период во вашиот живот, токму ова треба да го слушате од другите, бидејќи балансот помеѓу екстремната тага и екстремната среќа е тоа што нѐ прави прекрасни луѓе. И тоа е најдобриот подарок што можете да го добиете.rnrnПрочитајте го ова ако животот ви изгледа како бескрајна борба!
Вистината за животот и страдањето
