Моќни мантри кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете другите и да престанете да ги осудувате
Осудувањето најчесто се случува затоа што немаме доволно познати факти да ја разбереме акцијата на личноста пред нас. Ако и вие често паѓате под искушение да осудувате некого, тогаш дојдовте на совршеното место! Прочитајте ги следниве мантри и погледнете ја работата од сосема поинаква перспектива. На овој начин ќе станете многу подобра личност.
1. Прво погледнете кон себе. Кога две личности се сретнуваат, наградата секогаш оди кај оној што има увид. Тој ќе биде помирен, посамоуверен и поопуштен кон другиот.
2. Не бидете мрзливи и не судете ги луѓето. Бидете љубезни. Прашајте за нивните приказни. Слушајте. Бидете понизни. Бидете отворени. Бидете самоуверени. Бидете добри соседи.
3. Начинот на кој се однесуваме со луѓето со кои не се согласуваме е јасен показател за тоа што сме го научиле за љубовта, сочувството и љубезноста.
4. Секоја личност има приказна. Постои причини зошто таа е токму таква. Размисли за тоа и почитувај ја поради личноста што е.
5. Направете го најдоброто што можете за да имате искрена љубов во срцето. Што повеќе добро гледате во другите, толку повеќе добро ќе откриете во себе.
6. Бидете присутни. Бидете љубезни. Пофалете ги другите. Зголемете ја нивната сила, не слабоста. На овој начин ќе направите разлика.
7. Сите сме на различни патишта, барајќи исполнување и радост. Само затоа што некој не е на вашиот пат, не значи дека е изгубен.
8. Во ред е да бидете вознемирени. Не е во ред да бидете злобни. Кога имате несогласувања, решете ги веднаш и не се навраќајте на минатото повторно.
9. Највпечатливите луѓе во вашиот живот се оние што ве љубеле и во ситуации кога било тешко да ве љубат. Запомнете го тоа и возвратете со иста мера.
10. Без оглед на тоа што се случува, бидете добри со луѓето околу себе. Тоа е најдобриот начин да живеете мирен живот и да оставете нешто добро зад себе.