Надреалистичкиот уметник Октавио Окампо се смета за еден од најпродуктивните уметници во Мексико. Тој е познат по необичните слики на кои детално насликаните ликови суптилно се преплетуваат на тој начин што создаваат поголеми ликови. На прв поглед ги забележуваме само поединечните детали на сликата за потоа тие постепено да ни ја откријат целта на уметникот на поголем план. Оваа техника Октавио ја нарекува метаморфоза.rnrn
rn
„Ме фасцинираат силите на доброто и злото, сонцето и месечината. Живеам во областа на брдовитото Тепоцтлан кое се наоѓа југоисточно од Мексико Сити и кое се смета за едно од најволшебните места на Земјината топка. Слично како во Бермудскиот триаголник и овде се пресретнуваат чудни и необјаснети, но исклучително моќни магнетни сили кое се концентрирани внатре во планината Тепоцтеко“, вака Октавио го опишал неговото место на живеење.
rnЗа да се уверите во извонредниот талент и умешност на овој уметник, обидете се да ги најдете сите лица на едно од неговите уметнички дела познато под името „Визиите на Дон Кихот“ (Visions of Quixote).rnrn
rnrnПа, колку лица успеавте да најдете?rnrnДоколку ви се допадна оваа оптичка илузија, дознајте колку тигри можете да пронајдете и на оваа слика.
