КАФЕ ПАУЗА

Се чувствувате немотивирано? Научниците велат дека проблемот можеби е слаба инфекција

Нашите расположенија и мотивации се одредени од голем број фактори и според една нова студија, воспалението е едно од нив. Научниците од Универзитет Емори откриле дека системот за допамин во мозокот (моторот на нашата мотивација) е под директно влијание од воспаленија. Поточно, од хронични и лесни воспаленија.rnrnrnrnОваа студија предложува дека поврзаноста помеѓу допаминот, мотивацијата и воспалението е адаптивен механизам што му помага на нашето тело да заштеди енергија. Со други зборови, кога имуниот систем е покачен, нашите нивоа на допамин и мотивација опаѓаат.rn

„Кога вашето тело се бори против инфекција или се обидува да заздрави рана, вашиот мозок има потреба од механизам што ќе ја рекабилибрира вашата мотивација да прави нешто друго со цел да не ви одзема многу енергија“, вели Мајкл Тредвеј од одделот за психологија. „Сега имаме цврсти докази кои укажуваат на тоа дека имуниот систем го нарушува нивото на допамин со цел да му помогне на мозокот да ја направи потребната рекалибрација.“

rnНа кратко, ова истражување ни покажува дека ако имате хронично и слабо воспаление, вашиот допамин е загрозен, па ќе се чувствувате помалку мотивирано да ги правите секојдневните активности што бараат повеќе енергија. Оваа воопшто не е шокантно со оглед на тоа што го знаеме за воспаленијата. Тие се извор на голем број здравствени состојби, како дијабетес, срцеви болести, дебелина, хипертензија и рак.rn

„Воспаленијата можат да бидат латентни и тешки за откривање“, вели доктор Ејми Ша. „Ако имате симптоми како главоболки, подуеност, болки во зглобовите, нафрлање на кожата, умор, дебелеење, алергии, астма или промени во расположението, големи се шансите дека вашето тело се бори со инфекција.“

rnНаучниците планираат да направат дополнителни истражувања со цел да ја потврдат оваа теорија, бидејќи гледаат можност и за нов вид лечење на одредени психијатриски нарушувања. Поточно, тие се надеваат дека ќе соберат повеќе докази за тоа како воспаленијата предизвикуваат проблеми со мотивацијата кај луѓето со депресија, шизофренија и други медицински нарушувања.rnrnШто значи ова за вас? Па, ако сте постојано под стрес или се борите со дебелина или метаболички синдром, постои голема шанса дека имате слаба, но константна инфекција. Токму затоа и треба да разговарате со вашиот доктор за да дознаете дали таа може да биде штетна за вас и на кој начин. Дури тогаш можете да преземете мерки за да ја смирите инфекцијата и да ја подобрите мотивацијата.rnrnДознајте и за предностите на негативните емоции: Како да ја претворите зависта во мотивација?