Домашен педикир со млеко и сода бикарбона

Сподели

Иако можеби сѐ уште ја немате таа грижа, летото наближува, а со него доаѓаат и сандалите. Доколку во текот на зимата сте го занемариле нивниот изглед, голема е веројатноста вашата кожа да е тврда и сува.

Реклама

Се разбира, секогаш можете да отидете на козметичар, но понекогаш е поедноставно самите да направите педикир. Овој едноставен рецепт ќе ви помогне во тоа.rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 2-4 шолји млеко
  • rn 011

  • 1 рака сода бикарбона
  • rn 011

  • Сад доволно голем за да ги ставите и двете стапала
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте го млекото, но внимавајте да не биде врело. Можете да употребите две до четири шолји, во зависност од садот.

Ставете го млекото во садот и потопете ги стапалата внатре.

Оставете ги нозете во купката околу 5 минути, а потоа постепено додавајте сода бикарбона во садот. Добро измешајте ја смесата со вашите стапала.

Убаво премачкајте ја кожата на деловите каде што е тврда и дебела, особено на долниот дел од петата и областа под прстите. Масирајте ги местата со купката.

Не заборавајте да го измасирате и горниот дел од стапалата и зглобовите.

Кога ќе завршите со масажата, наместете се удобно и оставете ги стапалата да отстојат во купката.

Исплакнете ги нозете со топла вода и избришете ги.

Погледнете ги и овие правила за совршен домашен педикир.

Популарно

Може ќе ве интересира