Земјата е една прекрасна планета која константно е загрозена токму од припадниците на највисоката линија на цивилизација – луѓето. Затоа, наместо да соучествуваме во нејзиното уништување, сите треба свесно да се вклучиме во заштитата. Во пресрет на Денот на планетата Земја, на 22 април, треба да се вложиме многу повеќе за заштита на животната средина, бидејќи тој воздух го дишеме и таа вода ја пиеме.rnrn
rnrnОва е мал потсетник за тоа како лошите и нееколошки утрински навики може да се претворат во нешто корисно. Следејќи ги овие совети, вие им помагате на ретките видови животни што подолго да опстанат, да има доволно чиста вода за пиење и да се спречи загадување на водите и почвата.rn
1. Предолги утрински туширања
rnСтоењето под туш можеби потсетува на свеж водопад, но на овој начин се троши многу повеќе вода отколку што би се потрошило доколку се туширате држејќи го тушот во рака, со млазот насочен директно кон телото. Исто така, внимавајте водата да биде исклучена додека се премачкувате со пена за туширање.rn
2. Фрлање храна и хранливи остатоци во ѓубре
rnОрганските остатоци од храната, како што се лушпите од банана или делот околу семката на јаболкото може да се користат како природно средство за ѓубрење. Освежете ги собните цвеќиња со блендирани остатоци од овошја или зеленчуци и додајте во ѓубривото кое го користите. На овој начин ја намалувате исфрлената количина на хранлив отпад за 31%.rnrn
rn
3. Возење автомобил до работа
rnУпотребата на лично возило за одење до работа може да биде оправдана доколку делите трошоци за гориво со пријатели или колеги. Во спротивно, кога во метежот се собрани стотици автомобили во кои е присутен само возачот, се зголемува и концентрацијата на издувни гасови во воздухот. Јавниот превоз, пешачењето или возењето велосипед се секогаш подобра опција од автомобилот.rn
4. Користење пластика за пакување на храната
rnКористите пластична фолија за пакување на храната? А пластични кеси? Решението е едноставно, набавете си кутија за ручек што ќе ја миете по секое користење, виткајте го сендвичот во хартија и користете платнени торби за пазарување.rn
5. Ги оставате светлата вклучени и полначите во штекер
rnЗалудно е трошењето на електрична енергија во денови кога е сончево и кога не сте дома. Слично е и со полначот за мобилниот телефон – секогаш вадете го од штекерот кога полнењето е завршено.rn
6. Купување вода во пластично шише
rnОва е лесен, едноставен и евтин начин да обезбедите вода за пиење, но со секое ваше купување на флаширана вода, вие го зголемувате ризикот за уште поголемо загадување на океаните со пластика.rnrn
rn
7. Водата тече додека ги четкате забите
rnНема потреба од дополнително губење вода. Овие истечени литри од чешмата за некого се скапоцени. Следниот пат кога ќе четкате заби, исклучете ја чешмата и пуштете ја кога ќе дојде плакнењето на ред.rn
8. Користите хартиени бришачи за раце
rnМногу попрактично од перење крпи, но и поризично за животната средина, најпрво затоа што за производство на хартија страдаат дрвјата, а потоа и што искористеното парче често станува дел од неселектирано ѓубре.rnrnДозволете ѝ на вашата свест да работи во ваша корист, но и во корист на планетата која сè уште е наш дом.rnrnПотсетете се и на овие зачудувачки факти за земјата.