Сувата и испукана кожа на петите е болка на многу жени, особено во летните месеци. Бидејќи стапалата ни се повеќе изложени на надворешни влијанија во овој период, педикирот е нешто што треба почесто да го практикуваме. Но, доколку ова ви претставува голем трошок, со овие неколку совети, совршен педикир можете да си направите и самите дома.rnrn
rn
1. Киснење во топла вода
rnЗа домашен педикир ќе ви бидат потребни:rn
- rn011
- Етерично масло
- Мирисна шумлива купка
- Пилинг за стапала
- Лосион за масажа на стапала
- Сет за маникир
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnДоколку имате нанесено лак, најпрво отстранете го од ноктите. Подгответе поголем сад со топла вода, фрлете ја во него мирисната бомба и неколку капки од етеричното масло, најдобро од лаванда, кое ќе ја омекне тврдата кожа на вашите пети и ќе ви ги опушти стапалата.rn
2. Пилинг на стапалата
rnПо 10 минути, нанесете пилинг на стапалата (ако немате купечки, измешате шеќер, маслиново масло и неколку капки етерично масло). Тоа ќе ви помогне во отстранувањето на пликовите и тврдокорните делови од кожата. Имајте на ум дека оваа постапка морате да ја повторувате барем 3 пати неделно за да ги омекнете наслагите.rn
3. Сушење на стапалата и сечење нокти
rnСега вашите стапала се подготвени за интервенција. Истријте ги со пешкир, почекајте неколку минути и фатете ја грицкалката. Немојте д ги сечете ноктите многу кратко, за да не дојде до нивно зараснување во месото. Со апликаторот отстранете ги насобраните наслаги под ноктот притоа внимавајќи да не отидете предлабоко за да не ги оштетите нервите. Доволно ќе биде да преминете под врвот на ноктите, обрнувајќи внимание на ќошињата, но нежно за да не ги расцветате.rn
4. Масажа на стапалата
rnКолку и да ви изгледа непотребно, не го прескокнувајте овој дел од третманот. Масажата ја поттикнува циркулацијата, ги опушта мускулите и ја ублажува болката. Користете масло за масажа на база на нане кое дополнително ќе ја стимулира циркулацијата и ќе им овозможи на стапалата долго време да го задржат свежиот мирис. Масажата започнете ја од петите па полека движете се кон прстите, преминувајќи со кружни потези и вдолж и попреку. Посветете подеднакво внимание на двете стапала.rn
5. Полирање на ноктите
rnКористете турпија со различни површини, за почеток ноктите полирајте ги со најгрубата површина, а на крајот секако со најмазната. Преминете со турпијата најмалку по 10 пати на секој нокт. За да избегнете пожолтување на ноктите, втријте бадемово или маслиново масло.rn
6. Нанесување лак за нокти
rnПред нанесување на лакот во омилената боја, ноктите премачкајте ги со базен лак. На овој начин ќе овозможите бојата да се задржи и до една недела.rnrnБидете подготвени на понатамошни интервенции како корекција на лакот кој во меѓувреме сигурно ќе се излупи, бидејќи летото во отворени сандали и босоногото одење по каменчињата и песокот нема да ги чува заштитени вашите стапала.
