КАФЕ ПАУЗА

Според астрологијата, август конечно ќе ја обнови нашата инспирација и ќе ни донесе мир и топлина

Како што предвиде астрологијата, јули беше навистина емоционално експлозивен месец, барем за повеќето луѓе. Но следниот месец, август, е време кога инспирацијата на луѓето конечно ќе излезе на површина после катастрофалната енергија од 2017 година.rnrnspored-astrologijata-avgust-e-mesec-na-inspiracija-kafepauza.mkrnrnВо август ќе има еклипса во Лав и Водолија, а ова ќе предизвика позитивни промени во размислувањето, инспирацијата, идеите и слично. Овие еклипси не само што позитивно ќе влијаат на Уран, планетата на мислењето и учењето, туку и на Лавот и на Водолијата што се знаци на креативноста, вештините, уметноста, музиката и на животот во целост.rnrnКонечно, пред нас е месец со добра енергија. Месецот ќе започне мирно и без многу настани, а потоа околу втората недела од август ќе се случи првата еклипса и ќе ги зголеми чувствата на топлина и на добрина. Емпатијата, смиреноста и правилното размислување, како и некои други фактори речиси сигурно ќе го направат овој месец одличен.rnrnНа почетокот на месецот работите ќе бидат смирени и тивки за разлика од јули. А сето ова ќе кулминира со духовна енергија и енергија богата со емпатија.rnrnЕнергијата на Лавот е секогаш пријатна во почетокот на август, а неговата положба со Скорпија ќе им помогне на луѓето кои се мачат со темнината во овој период. Ако реалноста на светот ве вознемирувала, бидете сигурни дека во август вознемиреноста значително ќе се намали, а може и целосно ќе исчезне. Моментите на смиреност ќе кулминираат во топла и приземјена енергија на 9-ти август. На овој датум ќе има еклипса на полна месечина, а инспирацијата на луѓето значително ќе се зголеми по неа.rnrnНеделата по првата еклипса ќе биде одлична. Луѓето ќе бидат полни со љубов и ова можеби ќе биде најдобриот период за многумина после долго време. Сепак, во средината на месецот можно е да се појави некаква „темнина“ кај колективниот ум, но тие лоши чувства брзо ќе поминат.rnrnНа 21-ви август ќе има еклипса на младата месечина, а ова е важен момент за многу луѓе. Кај многумина, особено кај уметниците, ќе се врати потребната инспирација.rnrnПогледнете и кои се најсреќните денови во 2017 година за вашиот хороскопски знак.