5 совети за здраво слабеење и фит изглед
Летото е скоро тука и сигурно во текот на овој месец сте размислувале за вашата фигура. Без разлика колку килограми сакате да изгубите и како сакате да изгледа вашето тело, потребно е да се одлучите на промена и да почнете од некаде. Доколку се чувствувате изгубено, следниве совети ќе ви помогнат на патот до вашето совршено тело.
1. Донесете одлука дека овој пат навистина ќе се ослободите од вишокот килограми
Можеби ви звучи смешно бидејќи штом сте почнале со диета, веројатно сте донеле одлука да се ослободите од вишокот килограми. Но, ова не е точно. Сигурно многу пати досега сте пробувале да ослабите, но не сте правеле ништо, бидејќи не сте биле доволно одлучни. За конечно да го постигнете посакуваниот изглед, морате да бидете цврсто решени и вистински мотивирани. Не треба да постои ниту една желба за одолговлекување. Овој пат треба да одите на сè или ништо.
2. Поставете реални цели за вашиот нов изглед
Сега кога сте вистински одлучени да ослабите, време е да ги поставите вашите цели. Најпрво пресметајте го вашиот индекс на телесна маса за да откриете како би изгледала вашата идеална фигура, односно колку има вишок. Потоа направете план до кој навистина ќе се држите. Поставете цели – колку килограми ќе изгубите, за колку време, колкав обем сакате и слично. Водете сметка целите да бидат реални. Сè што е „на брзина“ воглавно е привремено и најчесто нездраво.
3. Подобрете го начинот на исхрана
Доколку сакате да ослабите, морате да го промените начинот на исхрана. Сепак, важно е да не гладувате, туку само да го намалите внесувањето на шеќери и брза храна, а да го зголемите консумирањето овошје, зеленчук и житарици. Доколку сметате дека немате доволно познавање за да направите ваше мени, секогаш можете да побарате помош од нутриционист.
4. Не заборавајте на водата
Водата го забрзува метаболизмот. Па, обидете се да пиете 1,5 литри вода во текот на денот, а кога времето е топло, добро би било да пиете и до 2,5 литри вода. Покрај водата, можете да пиете и незасладен чај и свежо цедени сокови, а избегнувајте ги засладените пијалаци.
5. Следете го напредокот и не откажувајте се
Доколку се држите до вашите цели и планови, резултатите сигурно ќе се појават. Бидете упорни, истрајни и трпеливи и никако не се откажувајте. Не заборавајте дека овој пат сте цврсто решени да успеете. Мерете го секој напредок и радувајте му се на секој успех кој ќе ви служи како мотивација да продолжите понатаму. И, се разбира, уживајте во вашето ново тело.
Погледнете ги и овие одлични совети за слабеење од оние кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.