10 историски филмови кои погрешно го прикажале минатото
Сите сметаме дека историските филмови ќе нè однесат во некоја епоха од минатото. Токму поради ова, погрешните датуми и облека, како и некои факти, можат да направат да се чувствувате незадоволно. Некои од овие пропусти би ги забележале само експертите по историја, но некои можат да бидат забележани и од аматери. Во продолжение погледнете некои од најпознатите историски филмови кои погрешно го прикажале минатото.
1. „Перл Харбор“ (Pearl Harbor)
Кон средината на минатиот век, било непристојно жените да не носат чорапи надвор од дома и речиси ниту една жена не се осудувала да го направи тоа. Дури и за време на војната, кога ова парче облека станало ретко, жените сепак успевале да го набават. И покрај тоа, ликовите во овој филм гордо ги покажуваат нивните „голи“ нозе.
2. „Елизабета: Златната доба“ (Elizabeth: The Golden Age)
Настаните во филмот се одвиваат во 1585-та година, кога Елизабета имала над 50 години. Но во филмот ја гледаме 36-годишната Кејт Бланшет, без никаква шминка што ќе ја направи постара. Друг проблем со филмот е што кралицата размислува за Иван Грозни, руски цар, како еден од кандидатите за нејзин сопруг. Во реалноста, во овој период царот веќе починал.
3. „Александар“ (Alexander)
Легендарниот коњ Букефал останал со неговиот сопственик, Александар Велики, до крајот. Па, не е ни чудо што во филмот е обрнато толку внимание на коњот. Сепак, има една мала грешка – расата на коњот што е избран за филмот не постоела пред 16-тиот век. Ова е речиси 1.000 години подоцна од настаните во филмот.
4. „Гордост и предрасуди“ (Pride & Prejudice)
Во екранизираната верзија на познатиот роман на Џејн Остин, хероината минува многу време шетајќи надвор, што се совпаѓа со романот и епохата. Но за време на овие прошетки, таа носи марка чизми кои се појавиле околу половина век по објавувањето на книгата.
5. „Однесено од виорот“ (Gone With the Wind)
Иако овој филм се смета за класика на кинематографијата, сепак не е совршен. На пример, улиците во Атланта се осветлени со електрични светилки, но Американската граѓанска војна траела од 1861-ва до 1865-та година. Сијалицата не била измислена сè до 1879-та година.
Продолжува на следната страница…