Ах утро, утро… но што е утрото без шолја кафе? Топло или ладно, горко или слатко, првите голтки кафе се токму она што ни е потребно за да добиеме енергија и да го започнеме денот. Некои љубители одат до таа мерка што станале прокофинатори – не прават ништо сѐ додека не се напијат кафе.
Пиењето кафе сепак не е само за енергија и за започнување на денот. Тоа е магија како ниедна друга на планетава. Кафето е волшебна напивка. Со сета почит кон љубителите на чајот, но сепак има некои работи кои важат апсолутно само за кофеинските ентузијасти.rn
1. Ги знаете најдобрите и најблиските кафетерии
rnОние кои се љубители на кафе, многу добро знаат дека без вкусно кафе не се живее. А пиењето лошо кафе не е опција. Така, единственото решение на ваквиот проблем е да се познаваат сите места каде што може да се купи кафе како и видовите кафиња што ги продаваат/прават.rn
2. Колку што е важно самото кафе, толку е важна и чашата
rnИзборот на шолји за кафе е многу важен. Голема или мала, чашата во која пиеме кафе многу кажува за нас. Некогаш зависи од расположението, а некогаш од тоа што прво ќе ни се фати на рака.
rn
3. Млекото во прав е најголемиот непријател
rnКофеинистите знаат дека млекото во прав е едно од ретките нешта што го уништуваат вкусот на доброто кафе. Оној кој го измислил, веројатно длабоко го мрази кафето. Едноставно, кафето со обично млеко е милион пати поубаво од она со млеко во прав. Едноставно, не е исто.rn
4. Кафето зависи од местото
rnКафехоличарите знаат точно како го пијат кафето и точно знаат кое кафе каде го прават најубаво. Плус, ова е најдобриот начин како да се одлучите што да пиете. А секако дека тоа е кафе. Во вашето маало? Црно и горко. Во омиленото кафуле во центар? Мало макијато. Голем е изборот на кафулиња и кафиња.
rn
5. Се чувствувате изневерено ако кафето го нема истиот вкус како вообичаено
rnВлегувате во омиленото кафуле и си ја порачувате вообичаената нарачка. Додека стигне, цело време се радувате на неговиот богат вкус и силна арома, за на крај кога ќе ви го донесат да има вкус на вода наместо на лате. Ова е тага драги мои, и само љубителите на кафе знаат колку е длабока таа.rn
6. Главоболки од кафе? Постојат.
rnИ веројатно им се случиле на најтешките зависници од кафе. Оние моменти кога немате внесено кофеин во организмот, тогаш главата почнува да ви пулсира во некој чуден ритам кој во главата потајно ви вриска „кафе, кафе, сакам кафе!“ како некое дете кое не ја добило играчката. Не ви судиме, напротив, целосно ве разбираме.rn
7. Паничите кога ќе се присетиме дека сте го оставиле кафето недопиено
rnВеројатно ви се има случено да се вратите некаде за да го допиете кафето. Самата помисла дека има недопиено кафе точно на масата покрај лаптопот ве полудува и едноставно се враќате да го допиете. Океј, да, тоа некогаш навистина има големи последици, но сепак вреди.rn
8. Искрено верувате дека кафето ви помогнало да преживеете средно и факултет
rnПа да не беше кафето сигурно немаше да имам петка по (внесете го најтешкиот предмет). Голема е веројатноста барем еднаш во текот на вашето средно образование да сте ја употребиле оваа реченица. Или ако не во средно тогаш сигурно за време на факултетските денови. Како инаку би ги положиле сите тие напорни испити?


