Фотографот познат како ReFilm.io, веќе половина година секој ден излегувал надвор и одново правел стари фотографии од Берлин. Започнал да го прави ова со цел подобро да ја разбере баналноста на секојдневниот живот, и покрај екстремните историски периоди. Многу „сидрa“ во пејзажот, како куќи и дрва, помагаат да направите мост до друго време и полесно да се поврзете со луѓето кои живееле тогаш.rn
„Наоѓањето на точната позиција, каде што друга личност ја направила фотографијата пред многу години е вистинска страст за мене. Се надевам дека ќе уживате во резултатите исто колку и мене!“
rn
1. Музејот „Алтес“ (1936/2019)
rn
rnrnФотографијата од 1936-та година го прикажува Адолф Хитлер како држи говор на 1-ви мај. Денот на трудот бил преименуван во „Национален празник на Германците“, од страна на нацистите. Иако многу се сменило оттогаш, можете да ги забележите дамките на столбовите и на двете фотографии, што кажува дека сепак и не поминало толку многу време.rn
2. Возење велосипед (1986/2018)
rn
rnrnОваа локација е десно на североисточниот излез од станицата Moritzplatz. Старата фотографија ја прикажува западната страна од Берлинскиот ѕид.rn
3. Повторно обединување (1979/2018)
rn
rnrnКранот, оградата и преносливите тоалети на фотографијата од 2018-та година се остатоци од прославите на 3-ти октомври за повторното обединување на Германија. Фотографијата од 1979-та е направена 10 години пред ова обединување.rn
4. Воена штета во 80-тите (1984/2019)
rn
rnrnОгромни делови од Берлин останале во поствоена состојба речиси 50 години. Оваа фотографија ја прикажува една од најпопуларните локации за туристи. Убавиот плоштад во срцето на Берлин бил оштетен за време на Втората светска војна. Бил реконструиран помеѓу 1976 и 1993 година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
