Кратка историја на Богородичната црква, најпознатата катедрала во светот

Кратка историја на Богородичната црква, најпознатата катедрала во светот

Малку градби се популарни како Богородичната црква – најпознатата париска градба и еден од главните споменици на раната готика, посветен на Дева Марија. Катедралата на островот Сите во реката Сена, секојдневно е посетувана од голем број туристи, но најинтересните тајни и легенди ги чува внатре.

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот

Според легендата, изградбата на катедралата започнала во 12-тиот век, за време на бискупот Морис де Сили. Наводно, овој париски бискуп имал визија за најубавата катедрала, која ја нацртал и во калта на местото каде што се наоѓа Богородичната црква. Во средината на 13-тиот век се изградени кулите на катедралата, високи 69 метри, а катедралата е завршена во 14-тиот век како првото ремек-дело на готската уметност.

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот

Познатото дело на Виктор Иго, „Ѕвонарот на Богородичната црква“ ѝ помогнало на катедралата да го добие епитетот најпозната во светот. Богородичната црква отсекогаш била центар во кој се раѓале легенди, а служела и како локација за снимање многу филмови. За време на Француската револуција, многу од богатствата на катедралата биле украдени, а дел од скулптурите уништени. Во 1871-ва година, катедралата речиси изгорела.

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот

Еден од најинтересните елементи на градбата се познатите „гарголи“, чија функција била отстранување на дождовната вода од кровот. Низ историјата имало многу шпекулации за тоа кое е висинското значење на гарголите и зошто се направени токму на тој начин. Според една легенда, кога била запалена Јованка Орлеанка, гарголите летале низ Париз и сееле страв, со цел да се осветат за нејзината смрт. Наводно, тие биле причината што улиците биле полни со лешови.

Во текот на 19-тиот век катедралата подлегнала на целосна реставрација, најмногу поради делото „Ѕвонарот на Богородичната црква“, но и поради новиот интерес на парижаните за готската архитектура.

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот

Во црквата им вкупно 10 ѕвона, од кои најголемото тежи околу 13 тони. Се наоѓа во јужната кула на катедралата, додека помалите се сместени во северната. Местото на коешто е изградена катедралата е место за обожување уште од времето на Рим, кога во име на врховниот римски бог бил изграден Јупитеровиот храм.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар