4 проблеми со кои се соочуваат луѓето кои пораснале без љубов

4 проблеми со кои се соочуваат луѓето кои пораснале без љубов

Искуствата што ги доживуваме како деца, особено оние до 3-годишна возраст, остануваат со нас и кога ќе станеме возрасни. Доколку растете со недостаток од љубов и поддршка, емоционално ќе се затворите и ќе се оддалечувате од другите, со надеж дека ќе се заштитите од болката. Емоционалните рани остануваат и можат да имаат влијание врз целиот ваш живот. Затоа важно е да бидете свесни за нив и за проблемите што можат да ги предизвикаат, со цел да можете да ги надминете.

4 проблеми со кои се соочуваат луѓето кои пораснале без љубов

1. Анксиозност

Анксиозноста е најчестото ментално нарушување и е поврзана со растењето во нефункционално семејство. Доколку како деца сте биле сведоци или жртви на искористување, доколку сте биле сами, не ви дозволувале да бидете креативни и ве казнувале за секој неуспех, голема е веројатноста да се соочите со анксиозност подоцна во животот.

2. Тешкотии во комуникацијата и интеракцијата со другите

Недостатокот од љубов резултира и со потешкотии во комуникацијата и физичкиот контакт. Тешко ги искажувате вашите чувства и мисли, проблем ви е да прегрнете некого или целосно избегнувате физички контакт. Сте научиле да ги држите другите настрана за да не ве повредат. Исто така се јавуваат и проблеми како ниска самодоверба, недостаток од верба и страв од напуштање.

3. Сомнеж

Доколку сте ги гледале нештата различно од вашите родителите, доколку ве обвинувале за нешто што не сте го направиле, доколку ве казнувале за нешто за коешто не сте биле виновни, голема е веројатноста да се сомневате во многу нешта. Се сомневате во вашите чувства, мисли и интуиција. Тешко одредувате што е правилно, а што не, односно што е вистина, а што лага.

4. Внатрешно критикување

Доколку не сте пораснале со доволно љубов, поддршка и емоционална поврзаност, потешко ќе изградите самодоверба. Доколку ве искористувале и ви кажувале дека не сте доволно вредни, последицата може да биде ниска самодоверба и строги критики кон себе. Ова се јавува на училиште, на работа, во врските… Во разни области од животот, чувствувате како да не сте доволно добри или вредни.

Важно е да ги надминете овие тешкотии и да ја вратите вашата внатрешна моќ. Немојте да ги обвинувате родителите и не им замерувајте за нивните грешки. Не постојат совршени родители и сите грешат, а тоа го знаат сите кои имаат деца. Простете им на родителите и почнете да работите на себе, а истовремено обидете се да не ги повторувате нивните грешки.

Погледнете и кои се последиците врз децата од конфликтите на родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар