Една средношколка (16) од Велика Британија побарала медицинска помош поради вртоглавица, главоболки, мачнини и страшни болки во желудникот. Лекарите најпрво се посомневале дека станува збор за инфекција на уринарниот тракт, па токму затоа ја пратиле дома со антибиотици. Но, по само 2 дози, симптомите се влошиле, па девојката морала повторно да оди во болница. Во тој момент таа веќе имала жолтица, а докторите брзо сфатиле дека се работи за заболување на црниот дроб.rnrn
rnrnБарајќи ги причините за нејзината состојба, тие се сомневале на хепатитис, но таа одговорно тврдела дека не била изложена на ниту еден од начините на кој се пренесува оваа болест. Кога докторите повторно ја прашувале што сè таа консумира, девојката признала дека нарачувала кинески зелен чај преку интернет, со цел да изгуби вишок килограми. Неколку месеци таа пиела по 3 шолји дневно. Бидејќи сите состојки на пакувањето биле на кинески, таа воопшто не знаела што точно внесува во своето тело.rnrnДокторите веднаш ѝ забраниле да го пие тој чај и ѝ дале инфузија и соодветна терапија, додека пак нејзините родители го донеле пијалакот на испитување. Според резултатите се открило дека таа пиела чај од состојка која се нарекува „camellia sinensis“, еден вид зимзелена билка од која се прави чај, но кој често кај девојките предизвикува хепатитис. По краток престој во болница, таа била пуштена на домашна нега, каде што по 2 месеца нејзиниот црн дроб се вратил во нормала.rnrnДокторите го искористиле овој случај за да ги предупредат луѓето дека претераната консумација зелен чај многу често се поврзува со болести на црниот дроб, па токму затоа и треба строго да се внимава на испиената количина. Што се однесува до оваа девојка, не треба да го обвинуваме само чајот, туку и пестицидите и останатите состојки кои наводно имаат задача да влијаат на губење тежина кај корисниците.
Пиела 3 шолји зелен чај дневно и тоа што ѝ се случило ги збунило сите доктори
