Статистиката вели дека веќе имаме изгубено 43% од африканските лавови. Исто така им се заканува и истребување на слоновите поради ловење и уништување на нивните живеалишта. За среќа, постојат луѓе кои толку многу ги сакаат животните, што не можат да замижат пред кризата со ловење.rnrn
rnrnВо 2017-та година, Дин Шнајдер, успешен маж од Швајцарија, дал отказ, продал сè што има и се преселил во Африка со цел да им помогне на загрозените животни.rn
Дин се откажал од кариерата за да им помогне на животните во Африка
rnДин Шнајдер од Цирих, Швајцарија, се вљубил во животните и дивиот свет уште кога бил многу мал. Поддржувањето на проектите за заштита на животните отсекогаш имало големо значење за него. Следејќи ја неговата страст, тој решил да се откаже од кариерата како финансиски планер и да го продаде целиот негов имот, за да започне проект во Јужна Африка.rnrnДин изјавил дека пријателите и семејството не го поддржувале на почетокот, но кога сфатиле колку му е важна оваа одлука и колку е сериозен во врска со неа, конечно го прифатиле неговиот нов живот.rnrn
rnrnДин го започнал проектот „Hakuna Mipaka“, што во превод значи „без граници“. Hakuna Mipaka e огромно засолниште кое станало дом за многу малтретирани животни – од животни родени во заробеништво, до спасени животни од дивината. Многу од животните биле спасени од приватни зоолошки градини, каде што луѓето ги чувале во навистина ужасни услови.rnrnЛуѓето често го прашуваат Дин зошто едноставно не пушти дел од животните во дивината, а неговото објаснување е навистина едноставно – животните пораснати во заробеништво не можат да ловат, па нема да преживеат без човечка помош.rn
Ловците претставуваат ризик за цели видови животни од Африка
rnПостојат луѓе во Африка кои одгледуваат животни само за профит и ги чуваат во ужасни услови. Тие не се грижат добро за нив, а ова не е единствената опасност со којашто се соочени африканските животни. Поради ловењето веќе имаме изгубено илјадници животни, а некои видови се на работ на истребување.rnrn
rn
„Ловците ги продаваат канџите и забите на животните на црниот пазар, за сè од суеверие до традиционална медицина. Сите овие нешта се продаваат на локалниот пазар и во Азија. Недостатокот од човечко образование и недостатокот од разбирање за животните се големи проблеми. Иако нема научни докази, сè уште постои распространето верување дека глуварчето и животинските канџи лечат многу болести“, изјавил Дин.
rn
Дин има спасено дузина животни и ја подига свеста на луѓето
rnЗасолништето има површина од 400 хектари и е заштитено од 6 лица кои не им дозволуваат на ловците да влезат. Неколкуте животни кои биле доволно среќни да завршат во засолништето, живеат во вистински рај. Секое животно кое доаѓа е прегледано од ветеринар и ја добива потребната нега. Наместо да живеат во кафези, животните уживаат во широки кампови со дрва, трева и природна почва.rnrn
rnrnПомеѓу животните што ги спасиле Дин и неговиот тим се лавот Декстер, кој бил спасен од ужасно живеалиште и кој се претворил во најслатката мачка, како и хиената Чаки која е навистина пријателски настроена. Засолништето е дом и на животни како ракуни, мајмуни, змии и игуани.rnrn
rnrnПокрај тоа што ги спасува животните и се грижи за нив, Дин е на мисија да ги образува луѓето и да ја подигне свеста за опасноста со која се соочени животните поради луѓето. Тој објавува и едукативни видеа за дивиот свет, со цел да ги доближи животните до човечките срца.rn
„Мојата мисија е да допрам што е можно повеќе луѓе и да ги научам за дивиот свет и убавините на животинското кралство. Верувам во моќта на знаењето, страста и визуелните приказни за менување на перцепцијата на луѓето и спасување на дивиот свет.“
rnЗнаете ли за фотографката од Москва којашто го напуштила удобниот живот за да се грижи за кучиња?
