Времето е сè постудено, а наскоро ќе падне и снег, па сѐ почесто вашето слободно време ќе го минувате во затворен простор. Во текот на зимата помалку се движите, прошетките се пократки и надвор излегувате само кога морате, па секако пожелно е и оваа сезона да останете фит и во добра форма, односно да не се здебелите. Ако сакате да наздравите со вашите другарки кога ќе излезете или да се опуштите со момчето со чашка алкохолен пијалак, ќе мора да бидете внимателни при изборот на тоа што го консумирате. Ви предлагаме да одбирате полесни алкохолни пијалаци кои најчесто ги консумираат само оние дами кои водат сметка за својот физички изглед.
rn
1. Коктел од свежо овошје
rnВистина е дека овошните коктели најчесто се консумираат во текот на летото и дека во нив има тон мраз, но секогаш можете да го нарачате омилениот коктел и да го замолите келнерот или барменот да не става мраз во него. Коктелите од свежо овошје не се претерано калорични во однос на оние со индустриски сокови, не содржат рафиниран шеќер, ниту пак бројни конзерванси.rn
2. Вотка
rnДоколку одите на некоја прослава или едноставно сте љубител на кратките пијалаци, едно од решенијата е да пиете вотка. Секако, не претерувајте, чаша или две се сосема доволни за добро расположение, а задолжително додека пиете консумирајте лешници, бадеми или кикиритки. Тие не дебелеат, а спречуваат да не се опиете пребрзо.
rn
3. Вино
rnВо квалитетното вино нема рафиниран шеќер, ниту адитиви и затоа тоа е добро за витка линија. Црното вино е пијалак кој е полн со антиоксиданси, а многу студии и порано покажале дека мали количини од овој пијалак може да бидат драгоцени за превенција на срцеви заболувања.rn
4. Џин со сок од лимета
rnДоколку немате голема толеранција на алкохол и брзо се опивате, а од друга страна сакате да пиете нешто алкохолно кога ќе излезете, тогаш овој пијалак е совршен избор за вас. Лесно, свежо, релаксирачко, а најдобро од сѐ е што не дебелее.
rn
5. Вотка со сок од грејпфрут и лимета
rnНајпознатите фитнес инструктори тврдат дека овој пијалак не содржи многу калории и дека слободно можете да го консумирате без дилема дали ќе се здебелите или дали ќе се разбудите со мачнина.rn
6. Текила
rnВнимателно со овој пијалак, бидејќи брзо „фаќа“, а и мамурлакот следното утро е страшен. Сепак, текилата не е калорична иако е жестока и силна. Доколку сакате фит линија, слободно опуштете се со две до три чашки мексиканска ракија.
Доколку консумирате алкохол, дознајте во кои митови за алкохолот не треба да верувате.

