Биди ми љубов
Автор: Ирена Постолова
(поднесено преку „Предложи содржина“)
Биди сонце на моите очи,
топи ми го срцето во студените ноќи.
Биди месечина на моето небо,
свети му најсјајно на него.
Плакни ми ја душата со секоја нова сончевина,
исполни ми го денот со свежина.
Биди моја вечна сенка, моја храна, сласт,
подари ми најсилна љубов, искреност и страст.
Биди со мене и кога ќе си заминеш,
прати ми бакнежи и прегратки по ветрот,
и во недостигот, со мене ќе останеш.
Чувај ме кога ќе ме прегрнува темнината,
посакај ми слатка и добра ноќ во тишината.
Дозволи ни, трепките – сонот, а јас тебе да те љубам,
да те сонувам, и в зори од таа убавина да се разбудам.
Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
BRAVO ZA IRENA PREKRASNO NAPISANO . . . . . .
Bravo Irenko….mn ubavooo…nemam zborovi