Безвремената приказна за вампири добива сосема нов и освежен тек на настани
rn
Главни улоги: Кели Овертон, Џонатан Скарф, Рукија БернардrnrnЖанр: акција, драма, фантазијаrnrnКреатор: Нил ЛабутrnrnПремиера: 23 септември 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКој вели дека животот повеќе не може да ве изненади? Новата адаптација на старата приказна за Ван Хелсинг нè носи во блиска иднина, во постапокалиптична планета Земја, каде што нештата се многу поразлични од тоа што досега сме биле навикнати да го гледаме во овој жанр. Дејството се случува во 2019 година, 3 години по експлозијата на Јелоустоун, при што поголемиот дел од западниот брег на Америка, а можеби дури и целиот свет, е целосно прекриен со пепел што го блокира сонцето. Фактот што нема природна светлина поттикнало цела нација вампири што се криеле досега под земјата, далеку од будното око на човекот, повторно да чекорат на површината на планетата – пиејќи крв по желба и претворајќи ги луѓето во сонародници.rnrn
rnrnГлавната улога ѝ припаѓа на Кели Овертон, која ја запознаваме како Ванеса Ван Хелсинг – лик што е роднински поврзан со најлошиот непријател на Грофот Дракула, Абрахам Ван Хелсинг. По апокалипсата, таа повеќето од времето поминува во терор, но ќе се „разбуди“ откако ќе се соочи со еден вампир. Сега засега таа е голема и интересна енигма, особено за себеси, иако уште во вториот дел од премиерата откриваме како всушност дошла до тоа што е. Имајќи го ова на ум, не треба да ве чуди дека нејзините моќи вклучуваат способност да го сопрат и вратат наназад процесот на повампирување. Само една капка крв може да ги врати чудовиштата во луѓе. Но, во неа нема да пронајдете несебичен спасител. Нејзината единствена цел е да ја пронајде својата изгубена ќерка…rnrn

