Часовите по јога со алпаки можеби ќе бидат новиот луд тренд во сферата на здравиот живот. Не можете да одречете дека алпаките се навистина слатки суштества, па замислете си да се истегнувате во нивното друштво. Тие не касаат и нема да ви пречат и се сметат за едни од најмирните и најдобрите животни со кои можете да поминувате време. Се разбира, ова е и целата поента на јогата со алпаки – тие се толку кротки што само додаваат на мирната атмосфера за време на вежбањето.rnrn
rnrnБританскиот пар Ник и Луси Ајлет е одговорен за оваа идеја. Тие се првите луѓе во Британија кои нудат вакви часови. Часовите јога се одвиваат на нивната фарма за алпаки позната како „Rosebud Alpacas“, која се наоѓа во Јужен Молтон, Девон. Тие нудат и други услуги, како цртање и медитација со стадото алпаки.rnrn
rnrnОвде нема никаква врева што ќе ви го одвлече вниманието, бидејќи фармата се наоѓа далеку од градовите. Според сопствениците, ова е совршена локација за смирувачки активности. Во комбинација со кротките животни, овие часови навистина звучат примамливо.rn
„Тие се многу релаксирани, па тоа само додава на опуштањето. На нашата локација не се случува многу, ако медитирате нема да го слушате сообраќајот, сè е многу тивко и алпаките само придонесуваат во тоа. Алпаките имаат навистина мирно присуство, речиси како коњите. Кога сме со нив се чувствуваме без стрес“, изјавила Луси.
rn
rnrnПарот изјавил дека од моментот кога почнале да работат со алпаки, сфатиле дека времето им минувало брзо и дека се чувствувале слободно и среќно. Сакале да го споделат ова чувство со целиот свет.rnrnФармата е нивниот дом. Ова е посебно место за нив и тие чувствуваат потреба да го споделат со другите, бидејќи навистина сакаат луѓе и сакаат сите да уживаат, исто како и нив. Секој час по јога го води квалификуван инструктор.rn
„Ова е место каде што луѓето можат да дојдат за да избегаат и да поминат време настрана од технологијата и нивните зафатени животи. Ова е можност да се поврзат со земјата, животните и едни со други. Нашиот сон е ова место да стане засолниште за луѓето кои доаѓаат и да се чувствуваат како дома“, изјавил Ник.
rn
rnrnЈогата не е единственото нешто што можете да го правите на фармата. Парот исто така нуди пикник со алпаки, уметнички сеанси со животните и посебен пакет за „поврзување со алпаките“. Во овој случај посетителите медитираат и имаат можност да се движат низ стадото.rnrn
rnrnНајважно од сè, Ник и Луси нагласуваат дека животните на фармата се одгледуваат на најдобар начин и „со слобода на избор“. Ништо не им е поважно од здравјето на нивните животни и од среќата на луѓето кои доаѓаат да искусат нешто ново.rnrnДали знаевте дека постои и вежбање јога со пиво?
