Голема е веројатноста дека секоја вечер се двоумите што да јадете, дали она што го сакате, или она што би требало. Не знаете дали да готвите, или повторно да порачате нешто за да ви биде поедноставно. Но, нема потреба вечерата да ви претставува толкав проблем. Погледнете ги овие предлози за здрава и едноставна вечера што сигурно ќе ви се допаднат.rn
1. Пржен зеленчук
rn
rnrnШто е полесно од порачувањето пица? Да соберете неколку состојки, да ги исечкате и да ги испржите. Овој оброк е навистина едноставен и во него можете да ставите секаков зеленчук, протеини и храна богата со хранливи материи, да ги измешате и да направите вкусна вечера без многу напор.rnrnДоброто е што пржениот зеленчук можете да го приготвите на безброј начини и можете да користите намирници што веќе ги имате дома. Доколку се двоумите за состојките, ставете зеленчук по ваш вкус, здраво масло како кокосовото и протеин.rnrnВреме за подготовка: 10-15 минутиrn
2. Пица со домати и босилек
rn
rnrnЗа повеќето луѓе, пицата е оброк што се порачува кога навистина ги мрзи да готват. Но со вистинските состојки и пицата може да биде здрава. За најбрзата верзија, купете готово тесто од пица и ставете го во рерната. Оставете го да се пече 10 до 15 минути, односно додека не добие златно кафеава боја. Потоа можете да ставите сос од домати и босилек, неколку парчиња свеж домат, свеж босилек, козјо сирење и маслинки.rnrnВреме за подготовка: 15 минутиrn
3. Смуди од овошје и зеленчук
rn
rnrnСмудињата се навистина лесни за подготовка и се едни од најздравите оброци. Во нив можете да додадете храна богата со хранливи материи, а вкусот сепак ќе биде одличен. Можеби нема да сакате да вечерате смуди, но доколку внимавате на вашата тежина или вежбате пред спиење, ова е најдобриот оброк за вас.rnrnИ овде имате безброј опции, а некои од најкористените намирници за смуди се брокули, краставица и морков, а од овошје јаболка, портокали, грозје, грејпфрут, боровинки и јагоди.rnrnВреме за подготовка: 5-10 минутиrn
4. Чинија за појадок
rn
rnrnЗошто за вечера да не јадете нешто што би го консумирале наутро? Се разбира, овде не станува збор за пржени јајца или палачинки. Повторно можете да направите смуди, но овој пат само со овошје. Потоа ставете го во чинија и додајте гранола, кокос, банана, јагоди, боровинки или што и да е што ви се допаѓа.rnrnВреме за подготовка: 5-10 минутиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
