rn
5. Тост со авокадо
rn
rnrnТостот со авокадо е можеби најдобриот изум на 21-виот век. Лесно се подготвува, а има неверојатен вкус. Исто така, можете да додадете состојки што веќе ги имате дома – домат, сирење, зелен зеленчук, пиперки… За многу кратко време ќе подготвите навистина хранлива и вкусна вечера.rnrnВреме за подготовка: 5 минутиrn
6. Тортиља со марула
rn
rnrnДоколку сакате сендвичи и тортиљи, но сакате да ги избегнете јаглехидратите, можете наместо тортиља да користите листови марула. Во неколку листови марула ставете домат, сланина, прелив за салата и што било друго што ви се допаѓа, како на пример варено јајце, и ќе имате одлична вечера.rnrnВреме за подготовка: 10-тина минутиrn
7. Печен зеленчук за цела недела
rn
rnrnПодготвувањето зеленчук може да ви одземе време. Но одеднаш можете да направите поголемо количество што ќе ви трае целата недела и ќе можете да го користите и за други оброци. Можете да испечете бабури, сладок компир, домати, тиквички и цвекло. Исечете го зеленчукот, додајте зачини и ставете го во рерна загреана на 200 степени. Откако зеленчукот ќе се излади, можете да го чувате во фрижидер цела недела.rnrnВреме за подготовка: 1 час за зеленчук за цела неделаrn
8. Тако со тофу и марула
rn
rnrnИспржете малку тофу и исечете една марула. Потоа измешајте ги и додајте зачини и преливи по ваша желба. Најдобро е да одберете нешто слатко и кисело, но можете да ставите каков било прелив.rnrnВреме за подготовка: 10 минутиrnrnПробајте ги и овие креативни и брзи рецепти за совршена вечера.
