Љубовта не може, а да не ве тера да му дадете малку ветер во грб на партнерот за да ги оствари своите соништа. Ако сакате да го направите тоа, а не знаете како, послушајте ги советите на професорката по психологија Гвендолин Сидман.rnrn
rn
1. Охрабрете го/ја
rnПартнерот сака кога е поддржан од својата најдрага личност. Многу истражувања покажуваат дека поддршката од партнерот многукратно ги зголемува шансите за успех на секое поле.rn
2. Не дозволувајте да се исплаши од предизвиците
rnНатерајте го/ја да се фокусира на позитивните аспекти во големите предизвици и пречките кои се појавуваат на патот до успехот. Не дозволувајте тој/таа да остане парализиран/а во тешките моменти.rn
3. Пружете помош при бирањето на стратегијата за успех
rnАко на партнерот му е јасно што сака да постигне, а не знае како, помогнете му/ѝ при планирањето како да се стигне од точката А до точката Б. Можеби вие подобро знаете како се планираат работите.rn
4. Помогнете му/ѝ да ги избегне активностите кои му/ѝ ја поткопуваат волјата
rnАко вашиот партнер се обидува да престане да пуши, немојте да го/ја носите на места каде што се вдишува чад кој провоцира да продолжи со тоа. Помогнете му/ѝ да ги избегнува сите оние активности кои можат да ја поткопаат неговата/нејзината волја и да го/ја спречат да успее.rnrn
rn
5. Не го/ја контролирајте
rnКонтролирањето може да има само обратен ефект. Патот кон одредена цел не треба да значи ограничување на слободата, туку слободен избор. При еден експеримент психолозите заклучиле дека дури и спомнувањето на името на партнерот кој се обидува да контролира ги натерало испитаниците да дејствуваат спротивно на сопствените цели.rn
6. Не се мешајте ако не е неопходно
rnСлично како и контролирањето, и непотребното мешање може да предизвика проблеми. Пружањето помош онаму каде што не е неопходна партнерот може да го сфати како закана по сопствената слобода и ќе го/ја натера да мисли дека не му/ѝ верувате.rn
7. Бидете суптилни
rnЛуѓето честопати реагираат негативно на понудената помош поради својата гордост, затоа што ја доживуваат како закана или поради некоја друга причина. Затоа, потрудете се да помогнете на начин на кој што примачот на помошта, односно вашиот партнер, нема да забележи дека вие му/ѝ помагате. Поддршка за ваквото тврдење дава и еден експеримент при којшто правниците кои се спремале за полагање на правосудниот испит биле многу помалку вознемирени во деновите кога партнерот не им давал никаква поддршка, отколку во деновите кога ја добивале.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.