Миленичињата се едно од најубавите нешта што постојат. Тие се овде за вас кога се чувствувате лошо, ве мотивираат да бидете одговорна личност и ве забавуваат со нивното однесување. Поради ова многу луѓе се обидуваат на целиот свет да му ја покажат нивната љубов кон милениците.
Некои купуваат храна и играчки и постојано споделуваат фотографии од нив, а некои пак си купуваат домашни влечки кои наликуваат на нив.
Компанијата Cuddle Clones е одговорна за овој дизајн. Линијата домашни влечки наречена „Plush Slippers“ е составена од персонализирани модели кои се прават според изгледот на миленичето на купувачот. Иако овој рачно изработен предмет е скап (околу 170 евра) и потребни се 8 недели за негова изработка, сепак можеби вреди кога ќе ги погледнете резултатите. Па, што мислите? Би сакале вакви влечки?
Продолжува на следната страница…

