Многу често трошиме енергија на луѓе кои не нѐ ценат и не нѐ сакаат. Даваме сѐ од себе за да им докажеме колку вредиме, но тие не можат да го согледаат тоа. Наместо да ги трошите емоциите на луѓе кои не се грижат за вас, чувајте ги за некој кој сам ќе ги забележи и ќе ги цени.rnrn
rnrnЧувајте ги плановите за идеалните љубовни состаноци со вечера под свеќи за некој кој ќе биде тука за вас и ќе ви ги возврати чувствата. Чувајте ги за некој кој нема да ги откаже плановите во последен момент, туку ќе ви каже колку убаво си поминал и ќе сака цела вечер да разговара со вас.rnrnЧувајте ги вашите тајни за некој кој ќе ги чува како да се негови. Чувајте ги за човекот кој никогаш нема да ги издаде или да ги искористи против вас, туку ќе ги заштитува како да е нивен чувар.rnrnЧувајте ги вашите повици и пораки за некој кој нема да ве остави да чекате. Чувајте ги за човекот кој веднаш ќе ви врати дури и да е зафатен, кој нема да чека вие први да се јавите и нема да се нервира поради тоа што постојано му праќате пораки во текот на денот, туку ќе биде среќен што ги добива.rnrnЧувајте ги вашите напори за некој кој ќе ги разбере. Чувајте ги за човекот кој ќе види колку се трудите, кој ќе биде благодарен и ќе се труди исто толку за да ве направи среќни.rnrnЧувајте го вашето време за некој кој нема да го потроши залудно. Чувајте го за човекот кој ќе го цени тоа што сте нашле време за него во вашиот преполн распоред и ќе сака да го споделува неговото време со вас.rnrnЧувајте ја вашата љубов за некој кој ќе ви ја возврати. Чувајте ја за човек кој нема да си игра со вас, кој нема да ја искористи за свои цели и кој нема да ви го скрши срцето, туку ќе ве сака со истиот интензитет и страст.rnrnЧувајте ја вашата доверба за некого на кого ќе можете да се потпрете. Чувајте ја за човекот кој секогаш ќе ве заштитува и ќе биде тука за вас, во добро и во лошо.rnrnЧувајте го вашиот живот за некој кој нема да ве зема здраво за готово. Чувајте го за човек кој ќе ве почитува и ќе ви се восхитува, кој нема да се однесува со вас како да сте втора опција и кој нема да ги искористува вашите емоции, туку секогаш ќе биде тука за вас.rnrnЧувајте ги вашите ветувања за некој кој ќе ги исполни неговите ветувања. Чувајте ги за човек кој ќе ги цени и ќе биде свесен колку вредат.rnrnЧувајте се себеси за некој кој навистина ве заслужува. Чувајте се за тој човек, бидејќи тој ќе биде тука за вас што и да се случи, ќе ве сака независно од вашиот изглед, финансиски и општествен статус. Тој ќе ве сака поради вашата личност и нема да си замине веднаш штом добие попримамлива понуда.rnrnБидете трпеливи и почекајте го човекот кој ќе ве заслужува, наместо да си го потрошите животот на некој кој никогаш нема да ви ја возврати љубовта. Можеби ќе треба да помине време, но кога тој ќе се појави, ќе сфатите дека целото чекање се исплатело!rnrnДоколку не сте сигурни дали сте со вистинскиот човек, следниве 19 знаци ќе ве уверат дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов.
Чувајте ја вашата љубов за некој кој ја заслужува
