Работи што не смеете да им дозволите на другите да ви ги прават
Секогаш кога се соочувате со непријателски настроени луѓе или со некој со тежок карактер, важно е да го заземете вашиот став. Можеби не можете да контролирате сè што ви прават другите, но можете да одлучите дали ќе го трпите тоа. Можете да одлучите туѓите постапки и зборови да не влијаат врз вас. Ова се работите што не смеете да им дозволите на другите да ви ги прават.
1. Не дозволувајте да ве вовлекуваат во непотребни расправии
Немојте никогаш да трошите време и енергија обидувајќи се да се разберете со некој кој нема никакво разбирање за вас. Никогаш немојте да ги дефинирате вашите вредност и интелигенција според бројот на расправии во кои сте излегле како победник. Добро размислете дали воопшто вреди да влезете во некоја расправа.
2. Не им дозволувајте на другите да ве вовлечат во нивната негативност
Позитивноста е избор, па одберете мудро. Бидете доволно мудри да се оттргнете од негативноста што ве опкружува бидејќи од неа никогаш немате корист.
3. Не дозволувајте да ве малтретираат
Насилното однесување е погрешно и никој нема право да ве нападне. Не заборавајте дека никој нема моќ да направи да се чувствувате понижено доколку вие не го дозволите тоа.
4. Не им дозволувајте на пријателите да ве лажат
Ако не се искрени со вас, тогаш воопшто не ви се пријатели. Не можете да го одбирате семејството, но можете да ги одберете пријателите. Бидете со луѓе кои го заслужуваат тоа, а оние искрените чувајте ги блиску до себе.
5. Не им дозволувајте на истите луѓе постојано да ве лажат
Ако фатите некој во лага, кажете му. Некои луѓе ќе се обидуваат постојано да ве лажат за да го добијат она што го сакаат. Најдобро е да се држите подалеку од нив.
6. Не дозволувајте да ве искористуваат
Понекогаш луѓето не ги забележуваат работите што ги правите за нив сè додека не престанете со тоа. Ова не е во ред и важно е да го сфатите. Вие заслужувате подобро. Вие заслужувате луѓе со кои можете да се смеете, кои го ценат она што го правите и луѓе кои нема да ве остават на цедило.
7. Не дозволувајте да ве убедат дека промените се нешто лошо
Она што не можете да го променете, многу често ве менува вам. Промените се случуваат со причина, па прифатете ги. Нема секогаш да бидат лесни, но на крајот ќе се исплатат.
Погледнете и зошто не треба да ви биде важно туѓото мислење.