20 животни принципи според кои се водат сите Риби

20 животни принципи според кои се водат сите Риби

Рибите се добри слушатели. Ќе ве ислушаат за вашите проблеми и ќе ви ја понудат својата поддршка. Можете да сметате на нив, тие никогаш нема да им го свртат грбот на луѓето кои имаат некаква потреба.

Имаат природна дарба да ја извлечат вистината од луѓето.

20 животни принципи според кои се водат сите Риби

Тие се како тетоважи. Штом еднаш ќе ви го допрат срцето, стануваат траен дел од вас.

Тие се силни борци. Иако изгледаат кревко и зависно, внатрешно се суперхерои. Нивната најголема моќ е сочувствителноста.

Прочитајте повеќе за Рибите низ нивните 20 животни принципи во продолжение.

1. Можам да ги откријам чувствата што некој сака да ги скрие со само еден поглед.

2. Најтешко ми е да се преправам дека не ми е грижа кога во суштина ми е.

3. Вообичаено не се расправам, но ако влезам во кавга, сметајте дека тоа е поради силна и значајна причина.

4. Не поднесувам луѓе кои ми се поставуваат како шеф и оние кои ме форсираат да се отворам пред да бидам подготвен/а. Најмногу имам проблем со луѓето кои ги злоупотребуваат мојата добрина и лојалност.

5. Ако нема доверба – нема врска, нема пријателство.

6. Штом ја изгубам почитта кон некоја личност, голема е веројатноста никогаш повеќе да не ѝ верувам, без разлика што ќе каже или направи.

7. Не ми е страв да направам голема животна промена со цел да го следам патот кој ми го покажува срцето. Сакам да се движам со текот на нештата, па затоа понекогаш правам ненадејни работи што ги изненадуваат другите.

8. Јас сум стара душа.

9. Преферирам силен партнер кој ми дава поддршка и ми ја задоволува потребата да се чувствувам сигурно со него (неа).

10. Ако расчистам со некоја личност, тоа е засекогаш. Исчезнувам без најава и без објаснување.

11. Не ми е многу важно како некој изгледа. Поважно ми е дали можеме да се поврземе на подлабоко ниво.

12. Не сакате да ми стапнете на живец. Знам дека оставам впечаток на мирна личност, но ако се налутам се претворам во Хулк.

13. Не мразам никого, освен оној некој што многу ме повредил.

14. Немам енергија за расправање, па затоа често ги оставам луѓето да си мислат што сакаат наместо да се заморувам со кавги.

15. Може сосема да ме извади од такт ако некој ми каже дека сака нешто да ми каже, а потоа се предомисли.

16. Кога љубам, љубам силно и не сакам ништо помалку од тоа за возврат. Имам потреба да ја почувствувам љубовта, не само да слушам дека постои.

17. Моите тајни вештини се истражување, следење и наоѓање на она што го барам. Јас сум како добар детектив и затоа никој ништо не може да скрие од мене.

18. Не сакам да бидам под притисок и да се чувствувам безвредно за луѓето кои ми значат.

19. Кога ќе кажам: „Знам како се чувствуваш“, навистина го мислам тоа.

20. Моето скршено срце седи во кафез. Треба да се појави некоја многу посебна личност за да го отворам повторно.

Погледнете ги и 30-те брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Рибите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар