КАФЕ ПАУЗА

5 видови храна и пијалаци што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозност

5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозност

Анксиозноста е ментална болест којашто има големо влијание врз вашиот живот, начинот на којшто размислувате, вашите чувства и вашите постапки. Паничниот напад, кој е еден вид епизода на анксиозност, е чувство на ненадеен и интензивен страв што трае краток период. Доколку сте соочени со ваков проблем, добро е да знаете кои видови храна и пијалаци можат да ви ја влошат состојбата. Најдобро би било да ги избегнувате следниве видови храна.rn

1. Кофеин

rn5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозностrnrnПовеќето луѓе знаат дека кофеинот најчесто се наоѓа во кафето, енергетските пијалаци, чаевите и чоколадото. Кофеинот го возбудува нервниот систем и може да ви го подобри вниманието на краток период. Но доколку имате анксиозност, а особено панични напади, можете да се соочите со забрзано чукање на срцето и плитко дишење.rnrnКофеинот може да ги активира, па дури и да ги влоши симптомите на анксиозност бидејќи предизвикува неправилно чукање на срцето, нервоза и главоболки. Доколку страдате од сериозна анксиозност, земањето кофеин во поголеми количества е ризично.rn

2. Алкохол

rn5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозностrnrnМногу луѓе се вртат кон алкохолот обидувајќи се да се справат со анксиозноста. Најчесто тие мислат дека седативното својство на алкохолот ќе им помогне да се опуштат. Но често резултатот е спротивен, а долгорочната употреба на алкохол може да биде и причина за вашата анксиозност.rnrnОколу 20% од луѓето кои страдаат од социјална анксиозност го злоупотребуваат алкохолот. Доколку се наоѓате во оваа група, најдобро е да се држите понастрана од него, освен ако знаете дека можете да го консумирате умерено.rn

3. Шеќер

rn5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозностrnrnЕдно истражување покажало дека високото ниво на серотонин во телото може да ја влоши анксиозноста. Шеќерот е еден од главните „виновници“ кои можат да го зголемат нивото на серотонин.rnrnВо истражувањето учествувале 18 пациенти со социјална анксиозност и 19 здрави личности. Биле набљудувани метаболичните процеси во нивните тела и се покажало дека кај пациентите со социјална анксиозност имало зголемено ниво на серотонин.rn

4. Трансмасти

rn5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозностrnrnТрансмастите се сметаат за еден од најлошиот вид храна, но она што малкумина го знаат е дека тие се лоши и за вашето расположение. Според едно истражување, консумирањето трансмасти е поврзано со зголемен ризик од депресија.rnrnИстражувачите од Шпанија следеле 12.000 студенти кои цели 6 години не покажале симптоми на депресија. Тие го набљудувале нивното внесување на разни видови масти, како и нивото на депресија. Се покажало дека оние кои консумирале најмногу трансмасти имале поголем ризик од појава на депресија. Истражувачите додале дека причината што трансмастите ги влошуваат симптомите е тоа што предизвикуваат воспаление и ја менуваат функцијата на ендотелијалните клетки.rn

5. Глутен

rn5 видови храна што треба да ги избегнувате доколку страдате од анксиозностrnrnЦелијакијата е дигестивно оштетување и ги прави луѓето нетолерантни на глутен. Се покажало дека ова нарушување е поврзано со депресија и други нарушувања на расположението. Постарите луѓе кои се нетолерантни на глутен имаат два пати поголеми шанси да бидат дијагностицирани со депресија.rnrnСепак, пред да додадете или да отстраните нешто од вашата исхрана, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. На овој начин ќе знаете дали проблемот е психички, или станува збор за нешто друго. Потоа консултирајте се со нутриционист кој ќе ви помогне да го направите најдобриот план за исхрана за вас.rnrnПробајте ги и овие хобија коишто ќе ви помогнат да ја намалите анксиозноста.