Владеењето на Лавот ќе им донесе големи шанси, среќа во љубовта и успех на дел од хороскопските знаци, додека на други и нема да влијае толку позитивно. Тие ќе мора да се соочат со тежок период бидејќи ѕвездите нема да им бидат наклонети. Еве за кои хороскопски знаци станува збор:
rn
Бик
rnВо текот на овој период ќе бидете толку љубопитни така што ќе почнете да се мешате во туѓите животи. Внимавајте бидејќи тоа може негативно да влијае на вашиот однос со другите. Освен тоа, бидете внимателни и што зборувате за да не ги изгубите пријателите. Контролирајте ги вашите реакции за да не останете сами!rn
Девица
rnЗа време на владеењето на Лавот ќе се чувствувате непријатно и ќе имате само една цел – да бидете први. Сепак, многумина од вас се премногу слаби по карактер за да бидат лидери. Но, не се исклучува и можноста за конфликти со другите поради вашата желба за перфекционизам. Навикнати сте да контролирате сè, а тоа понекогаш не им се допаѓа на другите.rn
Јарец
rnЗаборавивте дека работата не е најважна во животот. Поминувајќи го целото време пред компјутер работејќи, не забележувате што се случува околу вас. Внимавајте, ризикувате да пропуштите нешто важно. За жал, целиот месец ќе ви биде обележан со негативни тенденции.
Откако прочитавте кои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за август: Нови успеси и финансиски добивки за дел од хороскопските знаци.
Извор: sensa.mondo.rs

