КАФЕ ПАУЗА

Зимска магија: 5 мали совети како да се разгалите на почетокот на новата година

Written by

in

,

Конечно дојде она време од годината кога е сосема оправдано да го поминете целиот ден во пижами, замотани во меко ќебе, пиејќи топол пијалак и читајќи ја омилената книга. Иако сè уште немаме можност да уживаме во снежни пејзажи низ прозорците, сепак можеме да ги искористиме ниските температури за да уживаме во миризбата на топлото чоколадо и да ја разбудиме носталгијата со филмови како „Сам дома“ (Home Аlone), притоа враќајќи се во детството.rnrnrnrnИма нешто магично во првиот зимски месец што најчесто нè потсетува дека треба да забавиме и да уживаме во тивките моменти, покрај саканата личност, пиејќи топло утринско кафе додека се грееме на топлиот камин. Токму затоа и ветете си дека оваа зимска сезона нема да ви се претвори во чекање на пролетта, туку ќе почнете да градите незаборавни спомени и ќе се погрижите да си ги остварите сопствените желби. Поминувајте повеќе време со себе, грижете се за себе и не ја бришете насмевката од лицето, дури и кога носот ви поцрвенува од студот.rnrnВо продолжение следуваат 5 мали совети како да се разгалите уште на првиот ден од новата година и да терате со тоа темпо до крајот на зимската сезона.rn

1. Пуштете еден од најсаканите филмови на сите времиња, како „Кога Хари ја сретна Сали…“ (When Harry Met Sally…) и уживајте во друштвото на најдобрите пријатели или саканата личност

rnrn

2. Поминете го целиот ден во пижами, слушајќи ја вашата омилена музика

rnrn

3. Подгответе си топла и миризлива купка и опуштете ги сите сетила – го заслуживте ова!

rnrn

4. Не пропуштајте ја магијата на омилениот зимски спорт и посетете го локалното лизгалиште – сами или со најблиските

rnrn

5. Почнете одново да пишувате дневник бидејќи времето лета и не можете да ги зачувате сите моменти во мислите

rn