Не постои еден, унифициран начин според кој родителите можат да се водат во воспитувањето деца. Тие го даваат најдоброто од себе, врз основа на тоа како самите се воспитани и во кои вредности веруваат и ги почитуваат. Затоа и не ни може да постои еден начин на воспитување, кој ќе може да се следи од книга и да се применува.rnrn
rnrnСепак, можете да ѕирнете подалеку и да дознаете како се воспитуваат и одгледуваат децата и низ светот, па дури и да се обидете нешто од тоа да примените.rn
1. Во Данска, родителите ги претвораат негативните ситуации во позитивни
rnОвие родители најчесто се обидуваат од секоја негативна ситуација да го извлечат најдоброто, за да ги научат своите деца на оптимизам. Нивниот фокус е да се негува позитивноста, со тоа што ги мотивираат да го вежбаат она во кое се добри, наместо да инсистираат да го научат она во кое не се.rn
2. На Полинезиските Острови, постарите деца се грижат за помладите
rnВо воспитувањето на најмалото дете се вклучени сите членови од семејството, а најмногу постарите деца. Ова се случува бидејќи родителите поминуваат многу време надвор од дома, работејќи.rn
3. Во Аргентина, времето за легнување не е строго одредено
rnМногу родители сметаат дека децата треба да си легнуваат во точно определено време, но во Аргентина тоа не е така. Овие родители, заедно со шпанските, сметаат дека децата треба да бидат вклучени и во вечерните активности на семејството, дури и тоа да значи да останат будни нешто подоцна од вообичаено.rnrn
rn
4. Во Франција, родителите ги учат децата дека треба да уживаат во храната
rnВо оброкот треба да се ужива, а не да се брза само колку да биде изеден. Во ова веруваат, но и го применуваат француските родители. Општо, во француската култура храната служи за да се ужива во нејзиниот вкус и тие никогаш не брзаат да ја изедат порцијата, ниту пак ги форсираат децата да јадат нешто што не им се допаѓа.rn
5. Во Јапонија, децата сами користат јавен превоз
rnВо возовите во Јапонија често може да се забележат деца кои сами одат некаде. Секако, благодарение на технологијата, родителите цело време ја контролираат нивната локација, но исто така им веруваат дека ќе стигнат онаму каде што тргнале и потоа ќе се вратат дома.rn
6. Во Виетнам, децата се ставаат на нокширче уште на 9-месечна возраст
rnВо Виетнам и уште неколку азиски држави, учењето на детето да користи нокширче, односно да се откаже од пелени, започнува на 9-месечна возраст. Во САД, на пример, оваа практика започнува кога детето се наближува до третиот роденден.rn
7. Во Кина, бабата и дедото играат важна улога во воспитувањето
rnБабите и дедовците најчесто живеат во заедница со семејството, па така играат и важна улога во одгледувањето на децата. Кинезите не вработуваат дадилки, туку се потпираат на своите роднини кога треба да им се чува детето.rnrnПрочитајте ги и овие 9 причини зошто родителите треба да бидат отворени со нивните деца.