КАФЕ ПАУЗА

Што навистина значи љубовта кон себе?

Што навистина значи љубовта кон себе?

Written by

in

,

Љубовта, односно грижата кон себе, не значи постојано да си го дозволувате секое задоволство. Понекогаш за ваше добро неопходно е да одложите некои работи.rnrnШто навистина значи љубовта кон себе?rnrnРазмислете за децата. Сигурно на вашето дете, кое навистина го сакате, нема да му дозволите да јаде слатки пред ручекот или да почне со учење вечерта пред тестот. Ќе се обидувате да го насочите на вистинскиот пат со нежна дисциплина.rnrnКако возрасни знаеме дека ваквите навики нe водат до здрав, продуктивен и исполнет живот. Поради вашата љубов кон детето, вие се обидувате да го промените, поправите или пренасочите ваквото негово однесување.rnrnЗа неговиот развој, на детето му се неопходни љубов, топлина, поддршка и разбирање. Но овде спаѓаат и дисциплината и поставувањето граници. Работите не се поразлични и кога станува збор за грижата што си ја пружите себеси.rnrnПа следен пат кога ќе ви биде тешко да станете рано за да одите во теретана или кога едвај се одделувате од чипсот или кога неволно го исклучувате Фејсбук за да продолжите со работа или учење, потсетете се на љубовта и на грижата кон себе. Во овие моменти кога ќе ве преплави чувството на неудобност, фрустрација и желба за одолговлекување или доспивање, сетете се дека со самодисциплината не само што не се малтретирате, туку си докажувате дека се сакате.rnrnНа глас кажете: „Јас не се мачам себеси. Всушност, на овој начин се сакам.“rnrnСо овој увид и оваа мала мантра која можете да си ја повторувате, самодисциплината ќе стане барем малку полесна. Само на овој начин ќе си покажете дека навистина се сакате и се грижите за себе.rnrnПогледнете ги и советите што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.