Неверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Wham!

Неверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Wham!

Поминаа две години од смртта на Џорџ Мајкл, но едно од неговите најпознати дела никогаш не е заборавено во овој период од годината. „Last Christmas“ е објавена во 1994-та година, токму пред распадот на Wham и во периодот кога Мајкл размислувал за соло кариера. И во приватниот и во професионалниот живот тој се наоѓал на раскрсница. Јавноста не знаела за неговата хомосексуалност, па тој бил присилен да живее двоен живот, што всушност е и темата на познатата песна.

Неверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Wham

Тој не ја споделил вистината за неговата сексуална ориентација уште 14 години. Тогаш 21-годишниот Мајкл ја напишал и ја снимил „Last Christmas“ речиси целосно сам. Дури инсистирал самиот да ги свири сите инструменти, иако тоа не му била силна страна. Ги имате слушнато ѕвончињата во песната? Тој ги свири и нив.

Музичкиот инженер на Мајкл, Крис Портер, бил еден од малкуте кои имале дозвола да ја снимаат песната во студиото. Во 2017-та година тој изјавил дека процесот траел многу подолго од вообичаено бидејќи музичарот речиси и да не знаел да свири клавијатури, но сепак инсистирал да учествува во секој елемент од песната.

Неверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Wham

„Џорџ не беше музичар. Тој немаше вежбано на инструменти воопшто. Тоа беше напорен процес бидејќи буквално ја свиреше клавијатурата со два или три прста.“

Песната била напишана од Мајкл во неговата соба од детството, додека неговиот партнер од бендот, Ендру Ридгелеј, седел на долниот кат и гледал телевизија.

„Една од паметните нешта за Џорџ беше тоа што тој сфати дека сака фоксуот на слушателите да биде на неговиот глас, а не на музиката. Во Last Christmas има многу едноставна основа за вокалите и мелодијата.“

Од нејзиното објавување, песната се продала во над 2 милиони копии и била препеана безброј пати. „Last Christmas“ била третата најслушана божиќна песна во Англија помеѓу 2012-та и 2016-та година. Била во првите 3 секоја од последните три години.

Самата песна продолжува да заработува, и тоа околу 460.000 евра секоја година. Според некои пресметки, само оваа година заработила околу 390.000 евра.

Неверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Wham

Мајкл завршил и на суд поради песната. Бери Манилоу сметал дека е премногу слична со „Can’t Smile Without You“ објавена во 1978-ма година. Случајот бил отфрлен кога се открило дека акордите и мелодијата се речиси сеприсутни во светот на поп музиката.

Сепак, песната никогаш не го освоила првото место и останува најпродаваната песна која никогаш не се тргнала од топ листите. Сето ова е благодарение на Мајкл, барем во 1984-та година.

Откако завршил со празничната песна, Мајкл се упатил кон Sarm West Studios во Лондон каде што ја снимил „Do They Know It’s Christmas“ заедно со имиња како Боно и Стинг.

Песната била објавена на 3-ти декември и на Божиќ го заземала второто место на топ листите. Минатиот Божиќ, Ридгелеј се обидел да ја донесе песната до прво место, но не успеал поради Ед Ширан. Ридгелеј раскажал како Мајкл прв пат му кажал за песната и тоа на скалите во домот на неговите родители.

„Толку беше возбуден, беше како да открил злато, што на некој начин го имаше направено. Ми го свиреше воведот и неверојатната мелодија на рефренот на Last Christmas. Тоа беше момент за чудење.“

Две години по неговата смрт, Џорџ Мајкл сè уште прави разлика и позитивна промена, а неговата песна секогаш ќе остане дел од неверојатното наследство.

Доколку ви е потребна инспирација за новогодишната музичка плејлиста, погледнете што слушаат македонските музичари за време на празниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар