Како да се одморите од социјалните случувања ако сте екстроверт кој потајно не сака излегувања?

Сподели

Луѓето сакаат да ги делат карактерите во две категории – екстроверти и интроверти. Додека екстровертите се луѓе кои уживаат во социјалните настани, интровертите немаат некаква потреба од тоа. Постојат интроверти кои не се исплашени од групни собири, а постојат и екстроверти кои се заморуваат од премногу дружење.

Реклама

Постојат начини на кои екстровертите можат да се „наполнат“ по ден поминат на училиште, работа или во гужва. Без разлика во која категорија спаѓате, времето поминато со себе е навистина важно. Па, ако сте екстроверт кој сака да одмори од социјалните случувања, овие начини ќе ви помогнат во тоа.rn

1. Одморете се од сè социјално, вклучувајќи го и вашиот телефон

rnОва може да биде тешко за екстровертите, но кога постојано сакате да ги запознаете другите, дали воопшто имате време да се запознаете себеси? Кога екстровертите имаат момент за себе, потребно е целосно да го искористат. Паузата од социјалните мрежи, па дури и само на неколку часа ќе ви помогне подобро да се разберете и да откриете каква личност сте покрај ознаката екстроверт.rn

2. Групно вежбање

rnСамо затоа што екстровертите сакаат да бидат со други луѓе не значи дека започнуваат разговори со секого. Понекогаш им е доволно само да знаат дека припаѓаат негде. Одличен начин да се опуштите, а сепак да ги задоволите социјалните потреби е групно вежбање, возење велосипед и слично.rn

3. „Закопајте“ се во некоја книжара

rnМожеби библиотеките не се толку популарни денес, но зошто да не посетите некоја книжара? Овие јавни места се одлични за антисоцијални луѓе кои сакаат да се замешаат со малку народ. Изгубете се во некоја добра книга, пишувајте во вашиот дневник или уживајте еден час само со себе.rn

4. Одете сами на состанок

rnИма многу предности кога самите ќе се почестите вечера. Пред сè, нема да се грижите за делење на сметката и можете да порачате што сакате. Јадењето сами, без вашиот телефон, ќе ви помогне да научите многу за себе. Обрнете внимание на вашите манири на масата за јадење, како се однесувате со послугата и какво е чувството да бидете потполно сами. Можеби повеќе ќе уживате во вашето друштво отколку со некој друг.rn

5. Препознајте кога ви е потребен простор

rnГолема е веројатноста да ви се случило да се чувствувате заробено на некој социјален настан. Ова е нормално дури и за екстровертите. Важно е да препознаете кога е потребно да забавите и да одвоите време за себе. Во овие моменти ќе ви помогне кратка прошетка, 10-минутна медитација, читање… Отстранете се од ситуацијата која прави да се чувствувате лошо за да дознаете како навистина се чувствувате.rn

6. Завршете некоја обврска во домот

rnОбично екстровертите имаат полн социјален календар, па речиси никогаш не стигнуваат да ги завршат домашните обврски. Иако речиси никој не ужива во ова, чистењето одвреме-навреме може да биде вистинска терапија. Се разбира, чистењето најчесто е соло активност, па за да не се чувствувате премногу осамени пуштете си музика или телевизија. Покрај тоа, музиката ве прави многу попродуктивни.

Прочитајте и зошто е добро да се биде екстроверт во модерното општество.

Популарно

Може ќе ве интересира