Секој родител ќе ви каже дека врската помеѓу мајките и ќерките е навистина посебна. Но, децата брзо растат, па затоа и треба да ја искористиме секоја шанса за квалитетно дружење со цел да изградиме цврста и нераскинлива врска со нашето најмало. Ако сте мајка што сака да направи нешто посебно и да создаде прекрасни спомени со своето девојче, тогаш разгледајте ги овие седум идеи што ќе ви помогнат да поминувате повеќе квалитетно време со неа.rnrn
rn
1. Танцување
rnПуштете ја омилената песна и препуштете се на ритамот на музиката. Не е важно дали изгледате будалесто, едноставно опуштете се и забавувајте се. Оваа традиција нема годишна граница, па одбирајте различни видови музика и или правете заеднички кореографии или пробувајте да бидете колку што е можно посмешни во движењата.rn
2. Филмски маратон
rnРезервирајте еден викенд за излежување со ќерка ви, гледајќи ги нејзините омилени филмови. Подгответе многу пуканки, легнете на каучот, замотајте се во топло ќебе и нека почне маратонот! Ако вашето девојче е постаро, пронајдете некој документарец на тема што ја интересира, па претворете го филмскиот маратон во забавна и едукативна активност.rn
3. Уметност
rnИзвадете празни хартија, истурете ги боичките на маса и почнете да цртате. Поставете си цел што сакате да направите и со заеднички сили обидете се да стигнете до таму. Можете дури и да залепите хамери по ѕидовите и да направите неверојатно уметничко дело од вашите соби. Ако не сте по цртањето, секогаш можете да правите колажи од вашите фотографии.rn
4. Изградба
rnАлатките не се наменети само за тато. Најдете некој „Направи сам“ проект и обидете се заедно да го изградите. Не мислиме на нешто комплицирано, туку на нешто што ќе ви го исполни времето со нова активност којашто можете да ја правите заедно. На пример, обидете се да поставите нови полици во нејзината соба или пак, обојте ги ѕидовите во нова нијанса.rn
5. Волонтирајте
rnОдвојте малку време за несебични активности и поминете го заедничкото време така што ќе им помагате на другите. Ова не само што ќе направи вие да се чувствувате добро, туку ќе ѝ помогне на вашата ќерка да се здобие со емпатија, да развие емоционална интелигенција и да научи дека не треба да биде пасивен набљудувач, туку активен учесник во сите промени околу неа.rn
6. Прошетка
rnПоврзете се со вашата ќерка така што ќе ја однесете на некое посебно место од вашето детство. Потоа, раскажете ѝ што се ви се има случено таму. Можете да го посетите родниот град, местото каде што сте студирале, ресторанот каде што сте правеле свадба… не постојат граници при овие патувања во минатото!rn
7. Изненадување на баба
rnЗошто да бидете само вие две, кога можете да ја вклучите и нејзината баба? Направете заедничко дружење на три генерации и поврзете се одново. Па, изненадете ја баба така што ќе се појавите ненајавено за ручек или за прошетка. Таа ќе биде пресреќна кога ќе ве види и ќе го имате најдобриот ден во вашиот живот досега.rnrnПрочитајте го и ова отворено писмо за љубовта на една мајка до својата идна ќерка.