КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Принцот од Пеорија (Prince of Peoria)

ТВ серија за богат 13-годишен принц што оди во Америка како студент на замена со цел да искуси нормален живот и да запознае вистински пријател

rnГлавни улоги: Гавин Луис, Синтија Кеј Меквилијамс, Теодор Барнс, Габриел ХоганrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатори: Девин Буње, Ник СтентонrnrnПремиера: 16 ноември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 25 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=v0I8rTB00TErnrnПринц Емил (Гавин Луис) воопшто не е задоволен со својот живот во палатата. Како што поминува времето, така тој сфаќа дека ќе треба да стане крал без да има можност да го искуси животот на нормалните луѓе. Токму затоа и успева да го убеди татко му да го пушти да оди во Америка, како студент на замена, со цел да „допре“ до секојдневието на обичните луѓе, да научи нешто од ова искуство, како и конечно да го пронајде својот најдобар пријател. Кралот ќе дозволи, а младиот принц ќе пристигне во малото гратче Пеорија тајно, како обичен студент, за да се заштити себеси.rnrnrnrnЕмил ќе влезе во едно од најинтересните семејства што досега сте имале можност да ги видите на малите екрани. Реџина (Синтија Кеј Меквилијамс) е самохрана мајка на Теди (Теодор Барнс), кој пак е вистински гениј. Тој постојано е посветен на работата со своите роботи, сакајќи да си го осигури својот пат за влегување на факултетот МИТ. Реџина пак, го претворила својот дом во куглана за да може да заработува и да му помага на Теди да го оствари својот сон. Доаѓањето на Емил целосно ќе ги раздрма нивните животи, но во позитивна смисла!rnrnrnrnРеџина конечно ќе најде личност со којашто ќе може да се забавува, но и која ќе ѝ помага со секојдневните обврски. Имајте на ум дека принцот никогаш, ништо не работел во својот живот, па сега дури и чистењето тоалет му е возбудлива нова активност. Од друга страна пак, Теди ќе најде личност што ќе му покаже дека животот не е само учење, и дека постојат нешта што се можеби дури и повредни – како пријателството. Во овој момент вреди да се спомне и телохранителот на Емил, Јозеф (Габриел Хоган), кој го подигнува хуморот на ТВ серијата на сосема ново ниво.