КАФЕ ПАУЗА

Разиграно лето: 10 детски активности кои ја развиваат фантазијата

Кога за некој се вели дека е креативен, тоа значи дека согледува врска помеѓу неповрзани искуства, идеи и производи, а она што е најдобро е тоа што секоја личност со своето раѓање има шанса да стане креативна. За да се оствари тој потенција потребно е ангажирање на родителите и остатокот од семејството уште од најраното детство, а подоцна и од воспитувачите и учителите. Креативноста е вештина која може да се развива, а за да почне да сјае во целост, потребно е да ѝ се овозможат прилики.rnrnrnrnНа детето треба да му се овозможи да истражува, да поправа, да испробува, да проверува, да размислува…rnrnПоттикнувањето на креативноста ќе се исплати долгорочно затоа што креативните луѓе според сознанијата од психологијата, се поотворени кон својата околина, се посамоуверени и похрабри, покажуваат иницијатива, имаат чувство за хумор, истрајно работат на задачите додека не ги завршат и се многу понезависни од другите.rnrnЛетото е период кога децата имаат многу повеќе време, идеално за практикување креативни активности. Излегувањето во природа, но и целосно новите задачи во самиот дом, им ја зголемува желбата за истражување, па затоа во продолжение ќе ги изнесеме идеите кои можете да ги испробате со вашите деца.rn

1. Каменчиња кои кажуваат приказна

rnБез оглед дали сте на море или дома, во природа секогаш можете да пронајдете каменчиња кои можете да ги претворите во една посебна приказна. Потребно е добро да се исчистат и да се измијат, а потоа заедно со вашето дете, да нацртате на нив различни облици со темперни боички како на пример, сонце, риби, мече, поток.rnrnОткако ќе се исушат, можете да почнете со раскажување приказна. Детето нека одбере пет каменчиња, а потоа на база на клучните поими кои се прикажани на нив нека проба да смисли сопствена приказна која може или да ја запише или да ви ја каже усно.rn

2. „Стаклен“ концерт на отворено

rnАко забележувате дека вашето дете ги сака звуците или едноставно сакате да му пружите ново искуство, направете сами „инструменти“ за концерт на отворено. Набавете неколку стаклени шишиња со различен облик и димензии, а потоа во секоја од нив ставете одредена количина вода. Ќе ви биде потребно и дрвено стапче со кое детето ќе треба да удира и создавањето на сопствена музика може да започне. Секако, ова се препорачува за малку постари деца.rn

3. Самовилска градина

rnАко вашето девојче ги сака самовилите и природата односно верува дека некаде длабоко во шумата живеат вистински самовили, зошто со неа да не направите мала самовилска градина во тегла? Потребна ќе ви биде само една тегла, малку земја, мов, некоја фигура од чоколадни јајца и многу фантазија.rn

4. Започнување со хербариум

rnЕдна од активностите која може да се прави во текот на целото лето, без оглед на која локација и да се наоѓате, е правењето хербариум, односно мапи со исушени билки. На тој начин детето ќе почне да обрнува посебно внимание на природата и да учи за неа, а како што ќе се полни мапата ќе се чувствува како вистински мал научник.rn

5. Морски споменар

rnАко се наоѓате на море и собирате морски школки, искористете ги за да направите споменар. Тоа можете да го направите така што на едната страна на школката ќе залепите слика и потоа ќе барате парови, а на крајот, од сите тие сликички, детето може да смисли и морска приказна.rn

6. Театар со сенки

rnТеатарот со сенки е најстар во човечката култура, а неговата разиграност ги воодушевува децата. Можете да го направите многу лесно и дома со помош на едно бело платно и светилки, а детето ќе биде воодушевено од сознанието што можат да направат неговите раце.rn

7. Сликање на платно

rnОткако еднаш ќе го искористите споменатото платно, можете да го претворите во мало уметничко дело. На пазарот можат да се најдат бои кои се перат наменети за деца, а ако им дадете можност, тие и надвор во природата ќе можат да ги покажат своите ликовни способности. Големи се шансите дека ќе се изненадите од резултатите и од нивното воодушевување.rn

8. Изработување на лепеза

rnДецата можат да ја покажат својата уметничка страна и со изработката на некои реквизити без кои во текот на овие денови не можеме да живееме – лепези. Доволна е само малку поцврста хартија која сепак ќе може да се превиткува и ликовен прибор, кој сигурно веќе го имате дома. На детето покажете му еден пример за изработка на лепеза, а потоа дозволете му само да направи своја верзија и да ја нацрта онака како што тоа сака.rn

9. Оригами

rnДревната јапонска уметност на превиткување на хартија ги вежба мозочните ќелии, а полесните облици децата можат и сами да ги направат. Освен тоа, на нашиот пазар постојат и пакети кои веќе ја содржат потребната хартија и упатствата наменети баш за децата, но доколку не сакате да се трошите за тоа, интернетот е преполн со видеа со одлични примери за оригами.rn

10. Семејно стебло со прсти

rnИзработката на семејното стебло е најчестиот облик на визуелна документацијата на некое семејство, а многу е едноставно да го направите со децата. Доволно ви е само малку добра волја и хартија, а во овој случај и водени боички или темперни.rnrnНаместо детето со боички да ги црта гранките и листовите на дрвото нека го прави тоа со прстите на кои претходно ќе нанесете бои. Оваа активност може да се примени и со помали деца, а со себе ви носи барем два часа забава.rnrnПрочитајте ги и овие 7 совети и идеи за негување на креативноста на вашето дете.