10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

Низ историјата, религиската идеологија и верувањето во натприродното им помогнале, но и ги заплашувале луѓето. Како што можеме да заклучиме од пештерските цртежи, верувањето во виши сили кои се надвор од наша контрола им претходи на агрикултурата, цивилизацијата, писмото и другите аспекти од човечкиот живот. Со целиот страв што христијанството го продал за окултизмот, самата практика не е штетна. Всушност, често служи како духовно искуство за оние кои го практикуваат. Па погледнете некои од најчудните окултни практики од минатото.

1. Сеанси

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

Сеансите ги води медиум и речиси секогаш целта е да се стапи во контакт со мртвите или со личност која сте ја сретнале во друга димензија. Обично групата е од 6 до 8 луѓе кои седат во круг и се држат за раце. Понекогаш медиумите изјавуваат дека слушаат гласови од другиот свет или дека гледаат духови.

Понекогаш се верува дека духот зборува преку медиумот. Наводно, и духовите користат инструменти за комуникација, како позната табла за разговарање со духови, или пенкала и моливи со кои запишуваат нешто на некој предмет. Па дали сеансата навистина манифестира натприродни моќи, или само ги тера луѓето да веруваат во она што сакаат да го видат?

2. Симбологија

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

Во окултизмот, симбологијата има големо значење без разлика дали целта е да се поврзете со некој свет, или да разбудите нешто. Пентаграмот, еден од најпознатите симболи во денешната култура, има навистина богата историја која датира од древен Вавилон. Ѕвездата ја претставува шемата што наводно Венера ја направила на небото. Сепак пентаграмот еволуирал и значи разни нешта за разни луѓе.

„Печатите“ се на некој начин потпис на разни битија, ангели или демони. Тие се исцртуваат за да се манифестираат одредени особини на овие битија.

Еден од најпознатите окултни симболи е Бафомет кој датира од ересот и вештерството во Средниот век. Од 1118-ма година, Бафомет бил симбол за заштита на христијаните кога патувале кон Средниот Исток. Кога симболот станал преголем и почнал да се смета за политичка закана на црквата, тој бил тргнат од неа. Со текот на времето станал симбол за мачење.

3. Некропанталони

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

„Некропанталоните“ се навистина чудна окултна практика од Исланд. Направени се од кожата од нозете и стапалата на мртва личност и се носени од живите. Во минатото, волшебник требало да побара дозвола да ја користи кожата на мртвата личност како панталони со цел ритуалот да биде правилен. Наводно, панталоните носеле среќа, па дури и богатство. На почетокот се мислело дека овие нешта се мит, но се појавиле многу вакви панталони и можат да се видат во неколку музеи ширум светот.

4. Гатање

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

Гатањето е обид да се дознае нешто за иднината со помош на разни методи. Овде спаѓа гледање во кугла, читање од дланка, како и читање од тарот карти. Овие ритуали имаат долга и мрачна историја на крвопролевање и опресија од страна на црквата, која го гледа гатањето како дело на Сатаната. Сепак, окултистите не го гледаат така. До 13-тиот век п.н.е. секој вид гатање или обид да се дознае нешто за иднината се гледале како обожување на демоните. Помеѓу 1450-та и 1600-та година, активниот период на казнување за гатање и слични ритуали, христијанската црква била одговорна за смртта, мачењето и осакатувањето на десетици илјади „вештерки“.

5. Сатанизам

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

Иако сатанизмот и окултизмот не се исти нешта, и двете практики позајмувале многу една од друга. Потеклото на вистинскиот сатанизам е навистина мистериозно бидејќи црквата уништувала каде ќе стигне. Но сатанистичките култови се официјално документирани во Европа и Северна Америка и датираат уште од 17-тиот век.

Сатанизмот има некои корени во мрачните фигури кои биле синоним за окултното низ вековите. Овде би спаѓал и Хад, грчкиот бог на подземјето. Долгогодишното обожување на овие фигури го поврзало сатанизмот со окултното, бидејќи овие фигури се пагански богови, а не самиот Сатана.

До 20-тиот век, сатанизмот земал голем замав. Сатанистичката црква била основана во Америка во 1960-тите. Ширум светот почнале да никнуваат мали култови. Иако нема многу следбеници, чудните и понекогаш насилни ритуали, како убиство или самоубиство, го направија сатанизмот познато движење.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар