За да бидете креативни мора да го одржувате во живот детето во себе. Мексиканскиот фотограф Феликс Хернандез Родригез е возрасен човек кој никогаш не престанал со играње. Тој ги создава неговите величествени фотографии со помош на малечки играчки.rnrn
rnrnФеликс вели дека неговите фотографии не се тоа што постои во светот, туку тоа што постои длабоко во него. Фотографот креира магични сцени со помош на секојдневни продукти, како брашно за да имитира снег или чад од цигара за да направи атмосфера. Тој ги комбинира реалните и намалените модели со помош на бујната имагинација и Фотошоп, а исто така користи и макро леќи и техника наречена „сложување на фокусот“, при што се спојуваат повеќе фотографии за да се добие поширок фокус.rnrnrnrn
Креативен фотограф создава нови светови со помош на играчки и својата голема имагинација









